Самоиспитување

Денес беа објавени резултатите од истражувањето на Советот на честа на ЗНМ (здружение на новинарите на Македонија). Во него покрај наредените „дијагнози“ кои ги мачат медиумите и новинарите има и неколку недоследности, па и противречности:

Во поголемиот дел од медиумите се забележува почитување и придржување кон основните принципи на новинарскиот кодекс, се заклучува во извештајот од мониторирањето на 20 печатени и електронски медиуми, организирано од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

Пасуси од ваков тип, примарно имаат за улога повеќе да сокријат, отколку да откријат, па со својота позитивна конотација се во контрадикција со остатокот од заклучоците, кои се прилично сериозни и загрижувачки:

Примерите за непрофесионално известување се организирани во седум категории. „Како најпроблематични се покажаа текстовите и прилозите од црната хроника, каде што постои воспоставена традиција на непочитување на приватноста, потоа недоволна заштита на идентитетот на малолетниците како и непочитување на пресумпцијата на невиност“.

Ако вакви пропусти и аномалии во работењето на медиумите за некого не се доволни за да се наруши „почитувањето и придржувањето кон основните принципи на новинарскиот кодекс“, тогаш не знам што друго останува да биде нарушено. Се работи за елементарни професионални одредници и правила кои често се газат и инструментализираат. И продолжува „придржувањето кон принципите“:

Првиот пример на непочитување на кодексот се однесува на објавување на идентитетот на малолетниците…Второ начело на кодексот што не ретко се крши во медиумите е почитување на приватноста…

Мене анализава помалку ми личи на признание кое нема за цел да промени нешто.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment Самоиспитување

  1. BOBAN 03/07/2008 at 13:20

    koja vi e omilena serija ? dane vi e casi anngeles ili fuego en la sangre

Comments are closed.