#комкаст 16 – Интервју со Bektour Iskender од Kloop.kg

Втора од серијата (најмалку) 3 епизоди снимени надвор од МК. Како што најавив оваа епизода разговаравме со Бектур, пријател од Киргистан кој стои зад една од трите платформи за блогирање во Киригистан и ред други работи. Зборувавме за блогосферата во Киргистан, но и за употребата на Twitter, Facebook, Mail.ru, за настаните кои се организираат во регинов и за комуникацијата на регионалните интернет заедници. Бектур сподели некои лични искуства како Twitter му помогнал да не го задржат во полициска станица.

Ова е прва епизода која е на англиски, се надевам дека нема да ви пречи и нема да ни наоѓате замерки на квалитетот на изговорот и сл. 🙂

Низ емисијата спомнавме доста сервиси, па како што е ред еве ги подолу:

Kloop – news&blogging платформа
Diesel – форум каде се одвивале дискусии во 2005
Журнал бродячей кошки – блогот на девојката која изветувала во 2005
Bettween – The Ultimate Twitter Conversational Tracker

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.