Зошто мажите не гледаат сапуници?

Соочени со податоците дека сè повеќе жени гледаат фудбал, и други „машки“ спортови (и акциони тортури од типот „Умри машки“), и со тоа полека, но сигурно, ги уриваат бариерите помеѓу класичните типови на публика, (o)станува интересен/чуден податокот дека мажите сè уште стојат цврсто на своите гледачки стојалишта и „упорно“ одбиваат да се еманципираат медиумски и да ги прифатат „женските“ жанрови. Не знам какви се податоците за гледаноста на „Опра“ низ ваква призма, но за сапуниците (или поточно теленовелите и кро-пуниците во нашиот локален случај) со сигурност може да се каже дека остануваат цетињска тврдина на женската публика која мажите изгледа немаат некаков интерес да ја освојуваат.

Но, ова чудење може да биде чувство само за некој отуѓен објективен и неутрален истражувач, додека на нас останатите (мажи) ни останува сосема јасно дека нема нешто скоро да се случи некаква промена на овој план. Останува тогаш прашањето зошто? Што е тоа што ги прави сапуниците толку неприфатливи за мажите?

1

Дали е тоа заради доминацијата на плачење, солзи, расправање, озборување, неконтролирани емоции, женски сплетки и слично?

Дали е заради тоа што сапуниците премногу се сродни со љубовните романчиња кои се читаа во екс-ју времињата?

Или е едноставно од фројдовски стравови од злобните тешти со кои изобилуваат сапуниците? Или е тоа од помислата дека сè мора да заврши со брак?

Дали генијалната идеја за спојување на фудбал и сапуници ќе смени нешто на овој план? Тешко 🙁

Мислам дека зад сето ова стои една едноставна (можна 🙂 причина поради која „машкиот ум“ никако не може да ги свари сапуниците и да ги прифати пријатни за гледање. За што станува збор? Според машкиот ум, на пример, поенатата на акционите филмови е да има многу акција (тепање, скокање, бркање, и слично) што режисерите им го испорачуваат обилно. Поентата на фудбалот се головите, па што повеќе голови, толку подобар фудбал.

А што е со сапуниците? Гледано низ машки очи, сè во нив се врти околу сексот, или љубовта со женски речник, а него никаде не може да го „опипате“. Врски, сплетки, расправии, мајки и маќеи, тепачки, солзи, бебиња и други фешти, сè заради секс/љубов, а негде никаде го нема во директна, репрезентативна, форма, така како мажите го разбираат. Неколку страсни гушкања и тоа е тоа, најчесто 🙁

Ова е премногу иритирачки за машката логика на директност, што грубо може да се опише на следниов начин: замислете толпа мажи гледаат фудбал, навиваат, викаат, урлаат, го поздравуваат судијата и неговото семејство, се вжештува атмосферата и оди коментар: влегува Пандев во шеснаесетникот, го минува последниот одбранбен играч, сам е пред голманот и, и, и…опс! Се прекинува преносот и сликата се префрла на следната акција на противникот на спротивната страна од теренот! Несфатливо, па кjј би гледал таков фудбал? Со други зборови сапуниците се како фудбал без голови за мажите, преееемногу индиректни.

26 Comments Зошто мажите не гледаат сапуници?

  1. sead93 16/07/2007 at 05:43

    Пријателе фала, јас прво као сакав нешто поаналитички да го срочам со линкови до анализи, ама чувствувам дека некако вистинските одговори на поставените прашања се далеку поедноставни, па отидов на ваква варијанта. Фала уште еднаш.

  2. darko156 16/07/2007 at 08:15

    Ама и постов ти е ко сапуница, почнува од околу, кружи кружи и на крај, бап Гоооооооооол.

    изненадувачки, го руши познатиот концепт на свадба во последната епизода.

    А видиш, може и тоа да е клучот, во секоја последна епизода да нема свадба него последната епизода да биде финалето на Копа америка, Бразил Аргентина 3:0 🙂

    Закон пост.

  3. GoodBytes 16/07/2007 at 17:53

    Дали тоа значи дека гледање пенали може да се спореди со порно (сапорница)? 🙂

  4. sead93 16/07/2007 at 18:44

    А ова од GoodBytes е интересно гледање на темава :))

  5. Eldina 23/07/2007 at 10:20

    Kao prvo mislim da me ne prestajes iznenađivati,a kao drugo mislim da bi se iznenadio koliko zena ipak ne gleda sapunice 🙂

    Vrlo dobro u svakom slucaju

  6. BOBAN 03/07/2008 at 13:07

    super ste prodolzete taka i gledajte 'casi angeles'

  7. BOBAN 03/07/2008 at 13:08

    i mislam deka ste za 5 ka

  8. BOBAN 03/07/2008 at 13:15

    hiiiiiiiiii

  9. BOBAN 03/07/2008 at 13:16

    hiiii and bye

  10. Ramona 20/07/2008 at 02:25

    Nemam zbotovi za ovoj Film zakon e:D:d

  11. marija 22/07/2008 at 10:26

    super ste prodolzete vaka mwaaaaaaa 😀

  12. Napster 08/09/2008 at 01:14

    Brat vo pravo si so sapunicive. Treba da potpisame peticija protiv niv i da dostavime do televiziite sto gi emitiraat za da prestanat.

  13. keti 08/09/2008 at 13:05

    bravo ,najdobri i naj sakani

  14. emilija 16/10/2008 at 21:43

    cielo te amo muco

    deskribame en mi e-mail i ke su CD ke esta en el MACEDONIJA.te kero muco.M WAAAAAAAAAAA (F)

  15. emilija 16/10/2008 at 21:48

    perdon marija emilia attitas no(cielo) tengo mi hi5 i de mi ermana . kis

  16. anamarija 15/12/2008 at 23:48

    kojku godini ima ana marija

  17. angela 03/01/2009 at 15:20

    sielo mar jazmin niko taco rama lo amo

  18. angela 03/01/2009 at 15:21

    sielo mar jazmin niko taco rama ve sakam muco

  19. marija 08/01/2009 at 23:59

    hola !

    emilia te quiero mucho.estsas muy presioasa

    como y todos teen angeles mucho besooooooooos

  20. anastasija 19/01/2009 at 18:45

    naj naj naj naj naj…jaki se be nema tuka sto 😀 ciao ciao kisss do site

  21. Aleksandar 28/03/2009 at 19:21

    xD Abe Angeli e super film4eee 😀

  22. viki4ka 06/04/2009 at 21:02

    abe glupaci

  23. aldana micaela 26/04/2009 at 22:28

    HOLA YO ME LLAMO ALDANA MICAELA BARBOZA TELLO

    EMILIA: SOS UNA CHICA MUY LINDA DIVERTIDA Y HERMOSA A MI ME ENCANTARIA CONOCERTE .

    NICO VASQUE: SOS RE LINDO VOS Y EMILIA HACEN UNA BUENA PAREJA EN CASI ANGELES A MI ME ENCANTARIA CONOCERTE.

    LOS KIERO MUCHO.

    ALDANA MICAELA BARBOZA TELLO.

    EMILIA

    Y

    NICOLAS

  24. emilija 05/06/2009 at 13:35

    te amo ,silo,mar,tijago,jasmin,luz ………….

  25. Michael Eckhardt 21/11/2012 at 04:33

    Thank you for this posting. I have linked to it from my website.

Comments are closed.