Додека нашите новинари професионалци се во трка да видат какви гашти носи Боки 13, и дали на Сара Леши и е ок денот, околу нас сепак, и понатаму, продолжува сериозниот живот, па ете ние аматерите блогери мора да ги пополнуваме празнините на јавната сцена оставени од стампедото наречено скандали и секс (мора да признам дека критичкиот дух на блогерите поприлично ги надвјаса новинарите во неколкуте последни бизаризми кај нас, меѓу кои секако последната, историската посета на хунзине, фина компилација на jovansblog).
Овој пат се работи за бранот награди кои стигаат на наша сметка од Светска банка. Прво беше Македонија четврта земја во реформи, па бидна врачување на наградата
(за четврто место?!?), и конечно нашите Битолчани да го вкусат медот од Светска банка преку денешната вест за наградата за битолчани (number one). Изворно
А бе вејтаминит, зарем никој не се праша што е работава или не е битно какви награди се и за што се, важно не наградуваат?
Не знам за другите, ама јас си претпочитам здраворазумско преиспитување (темава ме заинтересира како добар пример како со системот на „големи“ награди, како во ерата на комунизмот, и медиумски промоции, практично се релативизира и вештачки конструира позитивна слика за нешто просечно или потпросечно), и еве што изнајдов со неколку просурфувања.
Прво, кој читнал два три пасуса од Ноам Чомски или Едвард Херман знае дека Светска банка во суштина е приватна фирма, во раце на своите приватни сопственици, а земјите членки на СБ нешто као глумат монетарна демократија. Таа, како таква 🙂 само зрачи илузии дека се они некои „милосрдни браќа“ многу загрижени за неразвиените земји. Во суштина си тераат бизнис, што е само по себе легитимно, но не и преку системот на илзуии дека се некаква развојно помошна институција. Да не тупам, кој сака нека провери. За нашиов случај првин симптоматично е дека висок функционер (Ставревски, Зоран, З.П.) од власта едно 114 години работел за банкава, па сега некако случајно што фатил тој со своја рака доби награда од СБ, и земјава одеднаш ни стана економско чудо по СБ. Второ, СБ преку фрлање награди накај Македонија всушност ни ја крева цената. Но зошто? Можеби затоа што преку еден од своите оддели (International Finance Corporation, IFC), веќе има инвестирано (sic) во Македонија: „ИФЦ ќе подржува инвестиции во Македонија. Трето, не многу одамна Република Македонија лапна два големи кредити (Светска банка одобри 100 милиони долари за Македонија за патишта, Светска банка одобри 125 милиони долари за макеоднија) познати како машини кои ги цицаат преку камати земјите до трето-четврто колено.
И сега си седиш негде во Битола, гледаш вести и си мислиш: „Какви цареи сме, нека пукнат скопјанине“. Каква илузија! И се тоа медиумски посредувано.
пс: Сега аргументацијава моја горе е некако на ниво на Вечер, но свесен за тоа, баш би сакал барем еден професионален новинар да поттикнам да ја истражи и претресе темата за Светска банка во Македонија, ќе му симнам капа за сиот вложен труд.
Прво, многу е важно под какви услови се земени кредитите.
Второ, подеднакво е важно за што ќе се употребат (за „трошење“ или „инвестирање“), односно дали тие пари ќе прават пари на некој начин. Инвестирањето во патната инфраструктура најчесто значи силен поттик за економијата.
И трето, Македонија во последниве години засилено си ги враќа долговите, колку што ми е познато, односно не ми изгледа дека постои некаква опасност од презадолжување.
GoodBytes, дај Боже да е така, ама СБ не ги даваат баш за џабе самите кредити. Зборам на памет, но тоа ми беше идејата да поттикнеме некого да ги преиспита работиве поаргументирано.
Ја сеа и тука ти симињам капа!
125 мил. долари, колку и да е „ниска“ каматата, прават бааги долг за многу кратко време…
Жално е што, ние пак нема да ги видиме тие пари, а ни патиштата, бидејќи повеќето се за локални патишта. Со овој кредит ни еден поголем зафат нема да се реализира, па да живне малку патната инфраструктура, а преку тоа и економијата. А уште пожално е, конкретно за овој кредит, дека колку гледам за источна Македонија не се планирани пари…
Ref Владо: Мерси ептен, likewise младичу, likewise.
Ref Томи: Муабет на место, ситна боранија се парите на државно ниво да направат некаква видлива разлика, а башка и не се распределени рамномерно.
Сликата со кучињата = ЗАКОН! 🙂
Истражувачкото новинарство во Македонија е на толку ниско ниво, што всушност и не постои.
Иако има квази-обиди по телевизиите (А1: Код и Ефтов на Канал5) да направат нешто, капацитетот на новинарите е многу низок, па испаѓа повеќе дезинформација и озборување отколку вистинско навлегување во суштината на работите.
На пример, сигурен начин да ви се објави некакво соопштение, е до медиумите да доставите готов текст, во облик како што би го напишале тие самите, бидејќи не сакаат да се измачат да го напишат. Во електронска форма, се разбира, за да направат copy/paste. Соопштението ќе ви биде објавено без никаков критички осврт или барем проста проверка дали е вистинито.
Овие квази-награди кои ги добива државава не вредат ни колку хартијата на која се испечатени. Постојат нивни пандани и за компаниите: Јас добивам две до три понуди годишно да ми врачат некаква награда дека сме успешна компанија, а името ми го извлекле од телефонски именик. Се разбира, треба да ги подмирам трошоците, ситница – 5000 евра (толку беше последното). После, ќе направам соопштение, ќе ми го објават и ќе ја ставам статуетката во витрина.
Така тоа функционира.
Каде има дека банката е на приватни сопственици?
The World Bank is a vital source of financial and technical assistance to developing countries around the world. We are not a bank in the common sense. We are made up of two unique development institutions owned by 185 member countries—the International Bank for Reconstruction and Development (IBRD) and the International Development Association (IDA).
Од: http://web.worldbank.org/WBSITE/EXTERNAL/EXTABOUT…
Инаку, според википедија, Of the two constituent parts of the Bank, the IBRD lends primarily to "middle-income countries" at interest rates which reflect a small mark-up over its own (AAA-rated) borrowings from capital markets; while the IDA provides low or no interest loans and grants to low income countries with little or no access to international credit markets. The IBRD is a market based non-profit organization, using its high credit rating to make up for the relatively low interest rate on its loans, while the IDA is funded primarily by periodic "replenishments" (grants) voted to the institution by its more affluent member countries.
Ова не е за речам дека се е розево со Светската банка (патем има разлика меѓу World Bank и World Bank Group – IFC е членка на втората), ама неколку работи се важни:
1. Никој не обврзува никого да стане членка (и воедно сопственик) во СБ. Македонија одбрала.
2. Кредитите што досега се земани и од СБ и од ММФ во голема мера се трошени за потрошувачка. Ова е јавна тајна, на големо се раскажува на студиите од областа на економијата. Тие трошења се многу поопасни за задолжувањето.
3. Има сериозни дебати дека системот воспоставен во Бретон Вудс по 2СВ (ММФ, СБ) е заебан за некои земји, лош… итн. Но, останува највеќе на земјите што зајмуваат да видат дали мора тоа да ги сјебе.
@Новица:
Една од моите компании користеше кредит од IBRD. Добивме full-treatment: беше потребна тројна гаранција, каматата беше на ниво на комерцијалните кредити (добро, можеби 0.5% пониска), и немавме никаков друг бенефит. За среќа, на крај се појави странски инвеститор кој ни даде многу поповолни услови. Развојниот“ кредит веднаш го вративме, ни ја еба мајката.
Нормално, никој никого не го тера да зема кредити од СБ и нејзините афилијати (бидејќи тоа значи да си членка, барем за нашава држава). Но, *ниеден* кредит не се зема доброволно, туку само кога мораш.
Сум имал можност да го видам HQ на Светската банка во Вашингтон, и – верувај ми – воопшто не личи на лоби на некоја добротворна организација која крв си пушта за да им помогне на своите „членки“.
А тие на својот веб-сајт можат да си напишат што сакаат. Вистината е друга: се работи за банка како и секоја друга, но која со наводна „добротворна“ мисија си ги цица своите клиенти кои немаат избор (читај: кредитен рејтинг), па мораат да позајмуваат од неа. Притоа, СБ ја користи моќта на САД, В. Британија и останатите големи сили за да си ги наплати побарувањата. Или, добива компензација од нив, а тие остваруваат политички притисоци кај должниците. Но, тоа е друга приказна.
Ванчо фала, ме поштеди од одговарање на коментарот на Новица 🙂 Ќе побарам нешто што може да се линка па ќе ставам во коментари. Инаку, „приватно“ мислев во раце на мала група луѓе, не како некој официјален статус. Но да побарам нешто поизворно ќе ставам комент.
Новица, значи не зборуваме на ниво на официјални статуси, програми, цели, и слично. Биди уверен дека се е тоа фино спакувано, супер-елоквентно и дипломатски завиткано да ти се стопи душата. Зборуваме за ниво на ефекти и на ниво кое е долгорочно, она за што пишува Ванчо, што се всушност ефектите. Кога пишав „приватно“ мислам на ентитет кој е во раце на мал број луѓе и остварува профит (де факто). За тоа колку е интернационална работава, доволно зборува фактот што претседателот на светска банка го назначува претседателот на САД, како што беше случај со неоконзервативецот Пол Вулфовиц, кој пред некоја година заради женска му која ја набутал на некоја висока позиција во банката, мораше да си замине. Инаку системот е комплексен и покрај примамливоста на парите постои цела низа на механизми како да те принудат да мораш да работиш со Светска банка, инаку формално никој со пушка не ги тера, дури и денес можат да се најдат информации како земјите го исплаќаат еднократно долгот кон СБ и ги откачуваат. Врската помеѓу World Bank и World Bank Group e суштинска бидејќи парите кои вторите ги користат се всушност истите акции кои ги контролира Светска банка (ова има и на Вики, види кај IBRD).
Екипа, не викам јас дека Светска банка работи за „лепе очи“.
Инаку, САД го назначува претседателот на СБ, ЕУ (Европа некоја си) тој на ММФ… и така натаму, има многу други нишани во целата работа.
Сакав и уште нешто, ама ај друг пат…
Новица фала за инпутот и што ни ја збогати дискусијата. Секако ептен е комплексна темата, кога ќе можеш пиши тоа што не си стигнал, поздрав.
Дигресија, или можеби не : многу ме бендиса како овој српски сајт со еден мал но важен детаљ ја збогатува информативноста и вредноста на статијата (линк до повеќе информации и изворот).
„Мал но важен детаљ“: BJR Makedonija!!!