По постот „Коментар за коментарите“ убаво е да се види дека темата се дебатира и кај почитуваните класични медиуми. Овој пат кај „Утрински“, во текстот „Интернет плукачи“:
Печатот во Македонија последниве години им овозможи на своите читатели освен што ќе ги читаат написите да можат и да коментираат на Интернет- страницата на весникот, да даваат оцени за статијата или пак за настанот или темата што ја обработува новинарот. Но, наместо ставови кон одредено случување или изнесување на сопствен коментар, реакциите на некои од читателите се полни со навреди кон новинарот или пак кон политичарот чие име е спомнато во статијата.
Текстот на новинарката малку се поигрува со стереотипови на интернет корисници (што е симплификација и девијација од поентата на дискусијата), но сепак има доволно поенти, како и самите коментари кон текстот, за да се закачат читателите на добра дискусија.
"Сите весници во светот даваат можност за коментирање на читателите на нивните Интернет-страници. Но, таму не можете да најдете ниту еден пример на такво изразување како што е тоа случај со нашите весници."
Се' помалку имам нерви да читам вакви квалификации кои најцрно го девалвираат сопствениот народ или држава. Кога ќе прочитам ваква „проценка“, како во „Запад“ немало НИТУ ЕДЕН ПРИМЕР за нешто лошо што го има кај нас, ми се повраќа. Оттука и мојот генерален суд за искреноста на текстот.
Не ги читав коментарите таму, на текстот.
Ама самиот текст нема врска. Која е логиката? Од каде толкава сигурност да се констатира, цитирам:
"…ги даваат луѓе што имаат пристап до Интернет навечер во своите домови, значи што можат финансиски да си го дозволат тоа, што, пак, сугерира дека тие не се во категоријата граѓани која „дење“ се служи со таква реторика. "
Глупости. И тоа што вика Goodbytes. Како бе нема такви коментари на други места. Каде гледавте? Онаму каде се вложуваат многу пари за развој на сложени ситеми за справување со коментари, онаму каде работат цели тимови на тие прашања, или онаму каде оваа работа им е дадена на цели надворешни компании????
или можеби гледала новинарката на сајтот на колегите од Дневник, каде коментаторите воопшто не се ни појавуваат, бидејќи "детето" кое го полни сајтот нема време за да ги модерира.
Во еден од коментарите кон текстот во Утрински (потпишан од Предраг Терзиоски) се споменува „платени плукачи“, што како фактор на симнување на нивото на дискусијата не треба да се занемари. Премногу се за да бидат случајни. Вториот фактор секако е недоволната култура на добар дел од читателите. Додека не им падне процентот, ќе преовладува плукањето. Но, очигледно е, како што спомна и Дарко, самите медиуми мораат да вложат барем малку во модерирањето како посреден начин за едуцирање на публиката, т.е. да имаат луѓе кои сериозно ќе се посветат на тоа барем во дел од работниот ден, не мора само тоа да прават. Ако читателите р'каат и не им се објавуваат коментарите, ќе престанат и ќе пробаат со посредена лексика и така постапно ќе го усвојат таквиот јазик ма дискутирање.