143 #ПрегледВоПеток – “КИКО” за слепи лица, Sony Vlog Contest MK…

Свежо сервирани информации во новиот #ПрегледВоПеток за читање под клима и криење од топлотен бран.

Fleets ќе одат во историјата…

Се исплатеше што не отворив ниеден флит во животов. Не дека имаа некоја историја, ама си ја проба Твитер среќата, па виде дека не се користат како што си имаше замислено и дека не му носат нови бројки и реши дека е време да им каже збогум.

И сега ме копка што ќе се случи со Spaces во иднина 🙂

TikTok Resumes за Генерација Z

По безброј сомнителни, опасни и глупави предизвици кои ги видовме на TikTok покрај оние забавните и смешните, да се понадеваме дека ќе видиме и нешто корисно. Имајќи предвид дека оваа генерација масовно ја користи апликацијата, TikTok ја започна пилот програмата „TikTok Resumes“ во средата, со надеж дека ќе ги поврзе со отворените работни места во големи компании како Chipotle, Shopify, Target и Alo Yoga. Програмата прифаќа видео резимеа само во ограничен период, со апликации отворени до 31 јули.

Па и ние веруваме дека оваа генрација сака да си најде и друга работа освен снимање на TikTok видеа.

Ексклузивен договор на Clubhouse со TED

Откако стивна фамата околу Clubhouse, стигна ново инзненадување: Партнерство со TED за споделување ексклузивна содржина креирана од лидери и експерти на TED, што може да му помогне на Clubhouse да ги задржат и да ги врати корисниците во апликацијата.

„Почнувајќи од понеделникот, 12 јули, TED е домаќин на низа соби преку нивниот официјален клуб во апликацијата“. Програмата започна во собата Thank Your Ass Off, каде домаќини се бестселерот на Newуork Times и популарен говорник на TED, A.J. Jacobs и креативениот стратег и славниот креатор на Clubhouse, Mir Harris. “

Скоро четириесет години TED ни носи фасцинантни идеи, новини и светски случки од брилијатни луѓе пред бројна публика. Ова партнерство ќе ги соедини тие умови во дијалог со милиони креатори кои ја сочинуваат заедницата на Clubhouse. Можеби ова е чекорот што ќе врати Clubhouse во игра и ќе му донесе нов моментум кај публиката.

„Кико” за лицата со оштетен вид

Вчера беше промовирана првата дигиталната алатка која го користи системот на претворање ‘слика или текст во глас, аудиочитач симболично наречен „Кико“, креирана на иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, Програмата за развој на Обединетите нации и во партнерство со Националниот сојуз на слепи лица.

Апликацијата е бесплатна и достапна преку мобилен и десктоп и им овозможува на лицата со оштетен вид и слепите лица самостојно да работат, читаат, да праќаат мејлови и слично.

До пликацијата може да пристапите преку преземање на RHVoice од Google Play Store Откако ќе се инсталира оваа апликација, потребно е да се одбере „македонски“ на листата со јазици, веднаш до називот „Кико“.

Македонски Sony Vlog contest

Ако ви фаќа око Sony ZV1BDI во комплет со GV2PT2 може да си го освоите во новиот конкурс организиран од страна на PIX+ кој што се вика #Кој, #што, #каде?

Потребно е да ги искористите трите збора и да раскажете своја приказна во видео формат во должина од 3 – 5 минути најдоцна до 20.07.2021. Сите останати услови и правила прочитајте ги на Sony Vlog Contest MK, па споделете ако некој од вас си ја лапне наградата.

Бонус линкови

Слики од плажа – СТОП!!!

Не одете во длабокото.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.