93 #ПрегледВоПеток

Здраво, Алекс овде! За сите што ви фалеше да го чуете ова. Ете!

Обично сакам да започнам со позитивни вести, па ајде…

Spotify конечно достапен во Македонија

Лично, мене ова не ме погоди многу, затоа што имам Spotify premium account веќе 2-3 години, но верувам дека радоста е голема бидејќи благодетите од Spotify ги имам почувствувано, и се што ќе кажам – НАЈДОБАР стрим сервис за музика!

Официјално, oд пред 2 дена сме дел од семејствто на Spotify! Не само ние, туку и цел Балкан. Ова беше долго најавувано и очекувано. И исто така, многу ме радува што конечно ќе може да почнеме да ја прикачуваме и македонската музика на оваа платформа. Браво за сите артисти кои досега го практикуваа тоа.

Spotify, освен за музика, во последно време и има агресивен пристап и кон подкасти, и мислам дека и покрај тоа што е број 1 платформа за музика, сака истото да го направи и за подкасти.

Дали тоа значи дека Dezer ќе згасне? Не знам, но среќна сум дека нема повеќе да ми се чудат и прашуваат како имам Spotify, а сум од Мк.

Google најави 100.000 стипендии

Google најави три нови онлајн програми за сертифицирање во полето на анализа на податоци, управување со проекти и дизајн на подобрување на корисничко искуство – UX. Целата ситуација со пандемијата ги инспирираше Google да го направат ова со цел заинтересирани да научат нешто ново додека седат дома.

Сертификатите се креирани од страна на вработени во Google, за нив не треба да имате претходно образнование и може да се завршат за 3 до 6 месеци. Онлајн часовите ќе се одвиваат преки Qoursera и ќе важат исто како 4 годишно образнование.

Хакерски напади на Twitter

Ајде сега малце на темната страна…

Профилите на познатите брендови и ликови на Твитер се компромитирани во еден од најраспространетите и збунувачки хакерски напад што досега и се случил на платформата, со цел промовирање на измама со биткоини.

Не се знае како се случил хакерскиот напад, но многу чудно до кој степен системите на Твитер може да бидат компромитирани. После невидените хакови на профилите, меѓу кои се и претседателот Барак Обама, Елон Мaск, Бил Гејтс, Кање Вест, Мајкл Блумберг и Apple, Твитер потврди дека ќе го превземе драстичниот чекор за блокирање на нови твитови од секој проверен корисник, компромитиран или не, како и заклучување на сите компромитирани профили, се додека не се разјасни целата ситуација.

Хммм… Најверојатно оваа недела е недела на хакерски напади.

Бонус линкови

View this post on Instagram

“The Value Proposition and Lessons from Higher Education” – new cartoon and post #marketing #cartoon #marketoon “Universities are no longer nonprofits, but the highest-gross-margin luxury brands in the world,” NYU Professor Scott Galloway wrote recently. Professor Galloway has been exploring the crisis of higher education in the U.S. lately, accelerated by the pandemic. Of all the wrecking ball implications of Covid-19 on brands, the impact on higher education is one of the most dramatic. And as with other industries, it’s less of a new problem, than an acceleration of problems already under way. The value proposition for U.S. higher education has long been out of whack. One telling statistic: a study found that universities believed they were providing graduates with 80% of skills they would need in the work place, but employers felt graduates were only arriving with 40% of those skills. Yet Covid-19 is putting the broken value proposition in high relief. As many Universities start to shift to online-only (after accepting full tuition deposits), the vast majority are holding firm to the same tuition price they charge for an in-person experience, asserting that nothing has changed in the value proposition. Princeton approved a 10% tuition discount, but they are in the minority. I think there are lessons here for any brand. Covid-19 is forcing a re-evaluation of how brands across the board are valued. It resets the playing field. Ultimately the value of any brand is determined not by the team that works on the brand, but by potential consumers of the brand. Professor Galloway predicts a coming reckoning for higher education brands slow to adapt: “Universities will face a financial crisis as parents and students recalibrate the value of the fall semester (spoiler alert: it’s a terrible deal). In addition, our cash cows (international students) may decide xenophobia, Covid-19, and H1-B visa limits aren’t worth $79,000 (estimated one-year cost of attending NYU)." This is a time for all marketers to sense-check the value proposition of their brands, not based on how things were 6 months ago, but how things are today.

A post shared by Tom Fishburne (@marketoonist) on

Се читаме следен петок. 🙂