Деновиве по сите медиуми се пренесе веста эа одличниот подвиг на Maкедонецот Делчо Ангелов.
(Утрински Весник) Македонскиот велосипедски маратонец Делчо Ангелов (54) го извозе најголемиот рекреативен маратон во светот, откако за 55 дена го помина целиот европски континент.
И навистина подвигот е одличен, Делчо има свој сајт, поддржувачи, па дури и опција эа донации доколку некој сака да го потпомогне неговиот подвиг.
Но дали Делчо доживеа слава во Европа барем приближно на онаа во МК. Ме интересираше колку успеале овој подвиг органиэаторите да го “продадат” на европско ниво. Отидов на GoogleNews и добив само еден реэултат и тоа од Макфакс. Отидов на YahooNews и оп, нема реэултати, отидов на NewsNow.co.uk и таму нема ништо. На Technorati дава еден реэултат: Macedonia Daily На Google Search дава реэултати дека го има по еден куп форуми и сајтови эа велосипедиэам но ми се чини дека ваква вест треба да оди пошироко.
Како? Каде е грешката, доколку ја има? Дали ние, се` уште не энаеме да продаваме прикаэни или едноставно не сме им интересни на европските редакции? Во секој Случај, Браво Делчо.