Ова е делумно причината зошто последниве неколку дена немав постови. Другиот дел е летото со неговите температури :))
Во прилог на овој пост можете да преземете текст за електронските весници.
Овој текст претставува почетна точка во истражувањето на online весниците. Бидејќи на македонски не сретнав текст кој ја обработува оваа проблематика, морав да почнам од почеток. Односно овој труд, кој патем е семинарски труд за потребите на моите студии, опфаќа една општа рамка и преглед на развојот и распространетоста на електронските весници. Нивна поделба врз основа на неколку критериуми и осврт за економските модели кои ги практикувале електронските весници.
На некои места текстот е премногу општ и кажува и многу и малку, но бидејќи ова е прв труд од оваа област морав да допрам повеќе прашања кои понатаму можaт посебно и подетално да се разгледуваат.
Доста е објаснување. Кого го интересира документот може да го преземе тука:Електронски весници (pdf)
Jennifer Aniston~ True love brings up everything – youre allowing a mirror to be held up to you daily.