Независно едни од други два тима екпериментираат една иста работа. Двата тима се обидуваат да направат експеримент со кој ќе ја истражат полезноста на партиципациското новинарство, (participatory journalism) се разбира преку пaртиципаторните медиуми.
Првиот го прави Wade Roush уредник во Technology Review. Тој ги повикува читатели да му помогнат со еден текст кој треба да излезе во следниот број на TechRev. За таа намена тој креирал блог каде ја поставува секоја нова верзија на текстот. Се разбира, вели тој, можел да креира wiki страницаа но the writer in me isn’t ready to give up quite that much control.
Текстот веќе има четири верзии, корегирани според коментарите и забелешките на неговите читатели и сеуште не е завршен.
Вториот експеримент го спроведува Columbus Dispatch во Ohio. Toj е наречен ”Create a Classic”. Весникот замолил неколку од своите уредници да напишат по неколку поглавја на неколку различни новели, во доменот на современата научна фантастика и мистериите. Потоа тие им оставаат на авторите во локалната заедница да допишат дополнителни поглавја. Авторите биле замолени да напишат поглавја со големина меѓу 1,000 и 1,500 зборови за на крај тие да состават седум новели со по 10 поглавја кои подоцна ќе бидат објавени на страницата на весникот. Се разбира, за да биде медиумот целосно отворен, на читателите им е овозможено да коментираат и да им даваат забелешки на авторите.