Блогерите на насловна

Зар сте виделе некогаш вест на насловна страна која била позитивна? Знам, многу ретко. Епа денес не е тој ден, за жал. Време денес на насловна има текст во кои од недоволно прецизни извори со недоволно прецизна временска рамка и недоволно јасна постапка вели дека мк блогерите ќе биле цензурирани.

Ивица има фини изјави, ама текстот некако виси во воздух за да почне да се паничи, сепак едно е сигурно: со сигурност ќе може да се очекува нова голема преселба од блогерајот на он.нет на некои од светскитебесплатни блог сервиси.

Не дека блогерите не знаат кои се тие, ама еве еден краток список:

Blogger – на Google е
Wordpress.com
– на база на WordPress (најупотребуваниот блог софтвер)
Blogsome – исто така на WP

За секој случај ако сакате да блогирате анонимно, Reporters without Borders уште пред некоја година подготвија прирачник. Бесплатно можете да го преземете тука: Handbook for bloggers

+ ќе го апдејтирам постов кога ќе ја обноват странaта на Време

++ подоцна: Државата ќе им ја затне устата на БЛОГЕРИТЕ – само сензационален наслов, ништо повеќе. Не сакам сензационални наслови, особено не оние на Време. Бидејќи, скоро по правило, најголемиот наслов на насловна страна внатре е најмал и најштур текст.

Technorati Tags: , , , , , , , , , .

5 Comments Блогерите на насловна

  1. ribaro 20/07/2007 at 17:16

    od um me izvadi 🙂

    Mizeren novinarski tekst od koj se nasetuva potrebata da ja miniraat blogosferata.

    No, i losha reklama e reklama.

  2. Новица 21/07/2007 at 01:00

    FUD е текстот во Време. Штета.

  3. Arwena 21/07/2007 at 07:09

    Што мислевте вие – дека некој македонски новинар ќе направи ,,сериозно” истражување на македонската блогосвера? Не сте ваљда ,,сериозни” ?!

    Археолошки дневник vol.1

  4. Стеван 21/07/2007 at 22:14

    Ја прочитав веста во весникот и сега, читајќи ги коментарите тука, ја препорочитав уште еднаш и текстот е сосема во ред. Се спомнуваат некои реални проблеми што постојат и се наведува дека е многу тешко да се казни некој за нешто што напишал на блог.

    Единствено што има бомбастичен наслов.

  5. Perlengkapan bayi 21/11/2012 at 07:52

    Wow, amazing blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your site is great, let alone the content!. Thanks For Your article about Блогерите на насловна | К О М У Н И К А Ц И И .

Comments are closed.