144 #ПрегледВоПеток -Swatch, Рацин, YouTube Shorts…

Се договоривме дека во август ќе го испратиме #ПрегледВоПеток на заслужен одмор, ама до тогаш има уште два да се склопат. Еве го претпоследниот за овој месец. Читајте, кликајте…

Зоран Кардула стои зад првиот Swatch со локализиран дизајн

Денешниов преглед го започнуваме со две локални убави вести. Првата е за соработката на локалниот дизајнер Зоран Кардула со компанијата Божиносвски односно преку нив со Swatch. Часовниците ќе бидат достапни во лимитиран симболичен број од триесет парчиња и истите ќе бидат изложени во нивните салони. Како и многу други акции кои ги прави Кардула и оваа ќе има хуманитарна компонента.

Ласко Ѓуровски изработи автентичен фонт на ракописот на Кочо Рацин

Уште едена локална легенда од светот на дизајнот, овој пат мајсторот за фонтови Ласко Џуровски оваа недела соопшти дека работи на нов кириличен фонт. Основата за фонтот е писмо од Кочо Рацин. Досега се изработени 24 букви а самиот автор вели: се обидувам да ја задржам автентичноста на неговиот ракопис, се разбира, со мали модификации неопходни за негова употреба во нашава, дигитална сегашност.

Facebook сам себе се цензурира

Го знаете CrowdTangle? Сервис за следење на содржините на социјалните медиуми. Најчесто употребуван од страна на медиуми. Овој сервис од пред некоја година е во сопственост на самиот Facebook откако јавно се укажа на факти дека Facebook дал повеќе простор на екстремна десничарска содржина наспроти етаблирани медиуми. Се разбира драмата е толку голема затоа што сето ова се однесува за содржина во Америка. Веста ја откри New York Times односно Kevin Roose.

„Facebook gutted its data analytics tool, CrowdTangle, by reassigning dozens of its staff and sidelining its CEO after its data showed that incendiary screeds and misleading content from right-wing pages regularly outperform traditional news outlets on the News Feed”

YouTube Shorts достапни глобално

Сите сакаат да бидат TikTok, а обидот на YouTube се вика Shorts. За оваа форма сме пишувале во прегледов во повеќе наврати, но ете сега и официјално може да очекуваме да стане достапна и за нас обичните смртници :D. Не успеав да најдам детална листа за новите 100 земји во кои ќе биде достапна оваа функционалност. И така додека YouTube се обидува да го ископира TikTok, TikTok се обидува да се доближи до YouTube… Instagram веќе рекоа дека не е апликација за фотографии… Забавно.

Twitter ќе дозволи да избирате кој ви реплицира

Ми се чини дека Twitter после долги години е во фаза како што Facebook беше пред 5-6 години. Агресивно да се пробува се што ќе им падне на памет на вработените. Се фрла се во оган, директно па ако преживее супер, ако не, пак супер. Сега тестираат опција да можеш откако ќе твитнеш да си ги смениш подесувањата за тоа кој може да ти направи reply на твитот. Опцијата е достапна скоро една година ама мораше да се избере пред објавата на самиот твит. Ми се допаѓа оваа насока во која се движи сервисот… давање повеќе контрола на самите корисници. Демек заслужиле 😀

Бонус линкови

Отидов јас да се возам и бањам.. Од мене поздрав до септември…

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.