Ветив дека ќе направам селекција на презентациите кои мене ми оставија најпозитивен впечаток на Spark.me конференцијата која се одржа минатиот месец во Црна Гора. Ветено-сторено:
1. Heather Russell – What would a CEO do?
Како комплетен настап Hearher ми остави најсилен впечаток. Прво и основно заради концептот на самата презентација, вклученост на публика од почеток до крај, кратки јасни пораки извадени од вистински случаи, секоја од нив екстремно корисна. Да не зборам дека во некои од одлуките лично си се пронајдов.
2. David Armano – Responsive Marketing
Најквалитетна по содржина пред се заради темите кои ми се најблиску до интересите. Два исклучително јаки моменти во презентацијата: Content is currency и муабетот (слајдот) со темпото… дека стратегијата не е до кампањите туку до редовниот ритам на комуницирање.
3. Scott Berkun – The Year Without Pants – Wordress.com & The Future of Work
Уште го нема ова видео јавно… ама ќе го закачам штом се појави…