За весниците наши

Од проверени (дистрибутивни) извори на авторов на овие редови некни (викендов) му беше потврдено дека продажбата на локалните дневни весници продолжува да опаѓа. Би рекол можеби за жал, но воедно размислувајќи за инерцијата по која тие работат (чест на исклучоците) некако повеќе ми станува јасно дека самите стануваат жртви на сопствената (демократска) револуција.

Весници во кои денес читате вести од завчера, суви телеграфски приопштени настани и резултати, без анализа, контекст, длабочина, тук’ и таму по некоја „активистичка“ колумна и на тоа би се свел просечниот дневен весник. Скандалистичките писанија и тривијалните секси-бесмислици на одредени „Ве“-сници не би ги ни коментирал во рамките на ваква или слична тема. Несвесноста или пак игнорирањето на фактот дека покрај класичните побрзи медиуми (ТВ и радио), денес тие треба да справат и да преживеат конкуренција со супер брзиот интернет, влијаат на општиот пад на локалните дневни весници.

Секоја средина има своја посебна формула за медиумска коегзистенција, но еве да речеме, за споредба, кај јужниот сосед, акцентот е префлен на дистрибуција на бесплатни весници (кои се во поголем број од 20-те дневни весници што се дистрибуираат во Атина, на пример), како и врз развивање на веб-страниците на весникот во инфо-портал.
Солиден текст на оваa тема во CMC Mаgazine; Интересен детаљ е датумот на објавување на текстот.

1 Comment За весниците наши

  1. Darko156 24/07/2006 at 20:35

    Не знам зошто толку срамежливо си гоставиллинков до december, КОга сајтчетето и магазинот се ептен ок, а башка и базата не е лоша, може да се ископа нешто интересно

Comments are closed.