94 #ПрегледВоПеток

За оние што работат од дома и не знаат што ден е, еве не со #ПрегледВоПеток 🙂

Родителски состанок во Силиконската долина

Големите момци и едни од најмоќните луѓе на денешницава, Марк Зукерберг (Facebook), Џеф Безос (Amazon), Тим Кук (Apple) и Сундар Пичаи (Google) попладнево ќе присуствуваат на сослушување што ќе се случува во Силиконската долина. На настанот, предводен од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе се разгледуваат опциите, можностите и заканите за овие гиганти да не прераснат во монополи и како може нивната моќ да се доведе под контрола.

Интересно е што сите четири компании се повикани на заеднички состанок иако тие меѓу себе и не се баш толку слични во работата.

Безос ќе одговара на прашања за тоа како Amazon ги користи податоците од малите бизниси. Тим Кук ќе мора да ги објасни деталите околу продавањето и процентот од секоја продадена апликација на App Store а Зукерберк и Пичаи се мнооогу повеќе заглавени во ова па за нив нема потреба ни да почнуваме.

Однесувањето на потрошувачите пост Ковид-19

Дали корона кризата трајно го промени однесувањето на потрошувачите?

Со месеци читаме за наглата промена на навиките во шопингот од офлајн на онлајн и навистина не бевме нешто многу изненадени. Овој период на “пазарна транзиција“ секако претстоеше па кризата само го подбутна напред. И сѐ ова е супер, купувањето онлајн е посвесно, полесно и милион други бенефити што мислам дека нема потреба да ги спомнувам.

Но, има еден детал за кој што и не бевме баш најподготвени. Луѓето сакаат поефтини цени!

Направено е истражување во кое луѓето изјавуваат дека во време на рестрикција на движење и сигурносни мерки, имало значително помалку акции и промоции отколку порано. И ова им смета.

Ако работите во овој сектор, добро е да го читнете ова.

Нови заштитни опции на Messenger

Дап, и ова се случи…Facebook изгледа сака што повеќе single луѓе на светов! Замислете ја ситуацијата ако одеднаш партнерот/партнерката си стави touch или face ID на Messenger апликацијата! (сега и не сте толку либерални а?)

Проблемиве настрана, да Facebook планира да воведе Touch и Face ID за заклучување на Messenger. Можеш да избереш сам како ќе го заклучиш и на колку време да стои заштитата.

Останува да видиме дали ова ќе важи и за Instagram DM и WhatsApp.

Shop Tab на Instagram

Instagram конечно ќе може да ја искористи својата мрежа на фешн комерцијални акаунти што секојдневно растат по број на следбеници и корисници.

Shop Tab е дестинација во самата Instagram апликација што ќе генерира производи за шопинг базирани на твоите прегледи и заследувања.

Верификувани акаунти ќе можат да ги означат своите производи на постовите и оваа содржина ќе се излиста во делот за шопинг прикажувајќи се на соодветните луѓе.

Опцијата моментално се тестира во САД но ќе биде достапна и во Европа следните месеци.

Колку ова ќе биде корисно кај нас со недостиг на верификувани акаунти…не сум баш сигурна.

Kaktus 2020 is happening

Меѓу првите настани во регионот што го најави својот настан годинава е Kaktus.

За оние што не се запознаени, Kaktus е award giving настан што се случува шеста година по ред во Белград и е посветен на креативното дело и работа на агенции, организации и компании од регионот и пошироко.

Годинава одат со слоганот “Unique is being different” и го посветуваат настанот на сите оние што работат и секојдневно ја градат адвертајзинг индустријата.

Бонус линкови

View this post on Instagram

“Customer Experience Management” – new cartoon and post on the promise of CX and the organizational limitations that can get in the way https://marketoonist.com/2020/07/cx.html #marketing #cartoon #marketoon #cx COVID-19 is drawing fresh attention to the promise of customer experience management (and all its ancillary marketing buzzwords shown in this cartoon). Yet there’s still a yawning gap between the shiny promise of technology to deliver a better customer experience and the old-fashioned analog organizational limitations that hold back that potential. Brian Solis, Global Innovation Evangelist at Salesforce, recently wrote a article called “In An Era Of COVID-19 Disruption, Brands Must Rethink Marketing As Empathetic Customer Experiences.” Brian cited new Salesforce research that found 84% of customers say the experience a company provides is as important as its products and services. And also that 69% of marketers say traditional marketing roles limit customer engagement. As he put it: “Legacy roles that only focus on stages of the customer journey, in isolation, without coordinating with those who manage other connected touch points, will lose favor with customers … “Cross-functional collaboration is a mandate. As such, integration will become the new standard and will quickly become table stakes as every company rushes in this direction.” The best customer experience management technology is only as leading-edge as the organization that uses that technology.

A post shared by Tom Fishburne (@marketoonist) on

Marketoonist on Instagram

Убав викенд друштво, се читаме следниот петок 😉