Американскиот Pew Internet and American Life Project објави нова студија за блогерите, се разбира само за оние во Америка.
Bloggers: A portrait of the internet’s new storytellers
Ова истражување покажува големи разлики во однос на мината година. Јас ќе наведам неколку, во две групи: оние што ми се допаѓаат и оние кои не ми се допаѓаат:
ми се допаѓа
- 39% од луѓето кои користат интернет читаат блогови (ова е одлично)
- 8% од луѓето кои користат интернетимаат свој блог (ова е задоволително)
- 57% од блогерите вметнуваат линкови до оригиналните тестови (волку голем процент не очекував)
- 34% д блогерите ги зметаат блоговите како форма на новинарство (ми се допаѓа овој мал процент)
не ми се допаѓа
- Најголем дел од блоговите се лични дневници (ова не ми се допаѓа, ма што е тука е)
- 37% од блогерите пишуваат за своите животни искуства (не е лоша опција но не би сакал да е волку доминантна)
- 11% од блогерите пишуваат за политика (мрзам политика, во било која форма)
- 52% од блогерите пишуваат за себе, а не за публика. А 32% велат дека пишуваат за нивната публика (процентов треба да биде поизрамнет 🙂
И уште еднаш ова е само мој краткорочен став во поглед на новите бројки кои ја опишуваат АМЕРИКАНСКАТА блогосфера, ова нема врска со ситуацијата кај нас, но баш би сакал да знам барем некоја од овие бројки за во МК.
Technorati Tags: blog, blogs, blogosphere, blogging, USA, Pew Internet, блог, блогови, блогирање, блогосфера, блог заедница.
А може да се најде нивниот прашалник, па да го примениме кај нас?
Прашалникот и методологијата ги има во форма на пдф на истиот линк што е постиран горе.
Со тебе има веќе тројца заинтересирани за ваква активност. 🙂 а можеби и повеќе