Една од основните работи кон кои би требало што е можно побрзо да се прилагодат традиционалните медиуми, особено оние кои се сериозни на полето на новите медиуми е дистрибуцијата на вести.
Во време на блогови, социјални мрежи, социјални news сајтови rss и голем број на други опции за споделување процесот на шиерење на одреена информација или содржина е значително промент. Токму затоа при создавањето на нова содржина мора да се имаат предвид сите овие работи.
На Glocal 2.0, во Мај, во вовданта сесија Paul Bradshaw зборуваше на оваа тема. Тоа што тој го зборуваше на ниво на теорија, веќе во голема мера може да се посведочи во пракса кај некои од поинвентивните или понапредните интернет медиуми.
Такво искуство опишува Charlie Tillinghast од MSNBC.com Тој во следново видео појаснува зошто им дозволуваат на своите корисници да ги вградуваат видео материјалите од MSNBC.com на своите сајтови, но и со кои проблеми се соочуваат.
А што се случува со нашите ТВ сајтови?
А1, Канла5, Телма, Алсат-М, и Сител сите имаат видео вести на своите сајтови. Но формата на видеото е на ниво од пред 5 години. Прво, поголем дел поставуваат .wmv видео записи (Телма има .rm) и самите видео вести се доста големи како фајлови и споро се вчитуваат, плус нели бараат различни плеери и додатоци кои мора да ги има компјутерот или прелистувачот за да се вклучат.
Освен А1, сите останати ги ставаат сите вести, најчесто централните како еден видео клип. Не се ни разделени по прилози, а да не зборувам за адаптирани (прилагодени) за интернет. Повторно, освен кај А1, кај другите не најдов архива на видео вести. Што веројатно значи дека претходното видео го заменуваат со следно. Кој видел, видел. Нели така е тоа на ТВ, па зошто би било различно на интернет.
Можностите на видео флеш видео плеерите денес одамна ги имаат надминато овие грди и непректични плеери. Почувајќи од опциите за вметнување реклами, коментирање испраќање преку меил, самостојна врска (пермалинк) па се до вградување.
Ако се земе предвид дека во државава видео вестите, т.е. ТВ вестите се извор бр.1 прашањето е зошто тоа не се отсликува и на интернет? Денес не е толку тешко да се направи ова. Постојат одлични и не многу скапи сервиси кои нудат вакви услуги и изгледаат епен професионално, ако ништо друго 🙂
Update: Сител имале видео прилози
Тоа што нема архиви, барем една недела наназад, е стварно недостаток. Како и што рече можат да си закупат стриминг канал, ако им е многу да ги стваат на свои сервери, но во ера на широкопојасен интернет, не би т6ребало.
Pingback: Нетпрес започна да објавува видео содржини | К О М У Н И К А Ц И И
Heaven on earth is a choice you must make, not a place we must find. -Wayne Dyer