Моја. Твоја. Мапа.

Уште прен неколку месеци преку кајмак.от ја најдов мапата на базените во Скопје, а со тоа и ја открив можноста My Maps на Google Maps. Оттогаш низ глава ми се вртеа разни идеи како ова може а се искористи, нонекако опцијата моја мапа на google, не ми одговараше на мојата замисла.

bazeni

И како што секогаш бива, желбата за изнаоѓање друго решение брзо ми помина. Се до вчера кога наидов на еден корисен пост на Mashable со наслов Online Maps: 50+ Tools and Resources. Не трошев многу време го одбрав првиот сервис кој има колаборација и почнав да го разгледувам. Налетав на MKMAP.com, случајно или не сервисов има мк во името, а и плус има веќе има една добра мапа на Охрид. Нормално се базира на Google Maps.

ohrid

Сервисов не е сјаен, но има свои предности. Има лесен домејн и секоја нова мапа добива повторно лесен домејн: mkmap.com/ohrid на пример. Може секој без никаква регистрација да обележува полиња, со тоа што авторот на мапата потоа треба да ги одобри. Може да се додаваат видео и фото фајлови, и секако може да се пишуваат коментари т.е. текстуални објаснувања.

mkhotspots

Да се вратам на првичната идеја. Сакав да започнам мапа на која ќе бидат обележани местата во МК каде може да се пристапи на интернет бесплатно. Ја направив мапата mkmap.com/mkhotspots, одбележав неколку места во Скопје и планирам да продолжам да додавам. Доколку знаете некое место каде бесплатно може да се користи интернет со wireless внесете го на мапата.

Technorati Tags: , , , , , , , , .

4 Comments Моја. Твоја. Мапа.

  1. Lile 24/07/2007 at 20:24

    Bravo za ideata, samo napred

  2. ribaro 25/07/2007 at 12:42

    бесплатниве интернет клубови кои ги отвори владава се рачунаат? 🙂

  3. darko156 25/07/2007 at 16:09

    Јас обележував места каде има wireless и каде може со lap top да се пристапи, не обележував интернет кафеа, ама со оглед на тоа што во овие државниве бесплатното е дискриминирачки ограничено, за мене не се бесплатни 🙂

  4. Stojan 22/12/2007 at 13:02

    hehehehe epa interesno e zato i ja srediv taa od ohrid, a i ke ja dosreduem so site raboti ke bide hehhee

    prodolzi ti so makedonijava 🙂

    pozdrav

Comments are closed.