Веќе неколку дена по ред, наутро го разлистувам нашиот најнов дневен, па уште и бесплатен, весник Шпиц. И секое утро, откако ќе го затворам весникот, си помислувам: Ќе го има ли утре или не?
Неколку дена по ред на А1 ТВ, одат реклами за огромните маркетинг капацитети кои ги нуди овој весник, веќе неколку дена весникот промовира агресивна маркетинг екипа која ви стои на располагање 24 часа. Но што од сето тоа? Кој е резултатот? Дали Шпиц ќе преживее?
Промотивната кампања оди вака некако:
СИГУРЕН ПАРТНЕР ЗА УСПЕХ
Шпиц е бесплатен весник, но вистинската информација вреди богатство, зарем не?! Тоа го знаат сите што сакаат да ги промовираат своите деловни активности токму во најтиражните и најчитаните весници. Со највисок тираж во земјава и потенцијал од 200.000 читатели Шпиц ви нуди двојно поголеми финансисики ефекти.
Можеби премногу брзам, но еве веќе неколку дена Шпиц има не повеќе од 3 страни со реклами. Нормално тука не ги бројам „промо страните со промотивни цени за големи и мали оглаувачи” и рекламите за расчистување на залихите на Велија и промотивните подароци на маркетите Hedi`s.
Внатре нема скоро ниту една реклама од локалниве маркетинг агенции.
Дневен весник е скап спорт. До кога ќе издржи Шпиц вака, не се знае. Дали Шпиц ќе преживее? и тоа не би се осмелил да прогнозирам, сепак јас сум, како и секогаш оптимист, побогат медиумски простор, поарно, се разбира се додека квалитетот оди во нагорна линија.
Technorati Tags: Шпиц, весник, весници, медиуми, А1, Македонија.
А бе 🙂
Pingback: » Неизбежна за успех на еден весник - дистрибуција
Hi! DPmpdt