Сајтот како последна опција

Синоќа дур’ го гледав на К5 првиот дел од Харолд и Кумар и спокојно си грицкав грицки, оп, „брејкинг њуз“, Заев морал во „ќорка“, повеќе во вестите во 11ч. И како што обично бидува, држ-не дај. ќе ја пропуштиш веста што мора да ја чекаш саат време. Па ќе побараш на нивниот сајт, ништо, само бајати вести од сабота, а не оставиле ни јогурт на сајтот.
Па бараш на другите сајтови, прогледуваш нешто да не има на конкурентските телевизии, ништо. И си викаш, по толку труд бесплатни совети од сите страни и барање од публиката за
саглам сајтови на медиумите, ништо. Сајт колку да се имало, имал комшијата саjт, па и ја сум си клал еден. Да се види потенцијалот на самиот медиум, да се искористат можностите, да се комплементира телевизиската компонента на медимуот, и сл. ма нема шанси. Сега не е никој наивен, треба да има „дете“ тоа да го прави, во доцните часови, но ако има дете да ми пушти телоп-порака, па што е толку проблем на сајт да се ставело. Нејсе..

inspire-ignorance.jpg

Единствено Утрински ја спаси честа ма медиумите и нè почести со навремени и прецизни информации. И видете ја (ова е со акцентска целост напишано 🙂 дискусијата, тоа се вика да го почувствуваш пулсот на публиката.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

6 Comments Сајтот како последна опција

  1. Хероина 28/07/2008 at 09:24

    Мислам дека и Форум има интерактивен as soon as possible пристап кон објавување на вести, иако не сум сигурна дали во овој случај биле навремени.

  2. sead93 28/07/2008 at 09:48

    Да, ја објавиле веста, но не пишува кога (само има датум, совет до нив: да ставаат време на објавување, во саати, многу е корисно и читателите го ценат тоа) и тоа цитирајќи ја веста од А1 🙂 плус за Форум минус за А1, ја објавиле веста, како и К5, а не ја ставиле на сајт.

  3. GoodBytes 28/07/2008 at 14:57

    Јас малку он/оф топик, за сликата да коментирам: кога бев во средна школа, активно се занимавав со веслање, такво како што е на фотографијата. За среќа, за разлика од тие кои „немаат идеа каде одат“, ние имавме кормилар! 🙂

    За темата, се согласувам и сметам дека е крајно време да се посветат медиумите на навремено ажурирање на своите сајтови. Ако тргнам од себе, јас 99% од информациите ги добивам онлајн, а тој 1% е ако случајно е вклучен телевизорот и има вести додека ручам или слично. Можеби во оваа деловна одлука ќе им помогне ако дознаат колкав рекламен потенцијал постои на Интернет.

  4. sead93 28/07/2008 at 20:48

    GoodBytes, фала за подршката, се надеваме(е) ќе тргне работата, ние сигурно не уживаме во критикувањето. Се е измислено на овие теми само треба да ги примениме и прилагодиме тука и таму. Се друго за мене е ирационално игнорирање на очигледното и неизбежното, зошто да се губи време.

    ПС: постои ли уште веслачкиот клуб? (овој скопскиот)

  5. Baju Bayi 21/11/2012 at 05:42

    Wow, fantastic blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your site is magnificent, as well as the content!. Thanks For Your article about Сајтот како последна опција | К О М У Н И К А Ц И И .

Comments are closed.