Ајде како за последен од месецов и пред одморот на #ПрегледВоПеток во август, ми падна мене да го напишам. Добор утро и изволте некои новости.
Виртуалната реалност никако да стане реален тренд, ама никако да престане да добива пари
Во одличен осврт Wired анализираат како VR технологијата е всушност со години е надоаѓачки тренд а никако да стане реално нешто што може да се нарече тренд. И покрај безобразно големите инвестиции VR никако да го испорача тоа што го ветува а пари уште има… Провокативен наслов од Wired, вреди да се прочита: Virtual Reality Is the Rich White Kid of Technology
Clubhouse, конечно, достапна за сите
Не знам зошто секогаш мене ми се паѓа нешто да пишувам за ова, ама ајде добро. После една година, апликацијата конечно ќе им биде достапна на сите луѓе, нема да мора да се чека повеќе да те поканат и прифатат во некоја група, да следиш некој настан и сл.
Twitter и постпандемичните успеси
Twitter добро се снаоѓа поспандемично, во втората четвртина од годината, компанијта има за 74% повисоки приходи. Секојдневните корисници се зголемени за 11% , а целосниот број на активни корисници достигна до 206 милиони. Исто така компанијата забележи зголемување на трошоците за продажба и маркетинг за 46% во оваа четвртина, како резултат на повисоките провизии за продажба, трошоците за луѓе и зголемените трошоци за маркетинг.
Youtube тестира оција да им оставаш бакшиш на креаторите
Youtube тестира нова опција каде што на корисниците после секое изгледано видео ќе имаат опција да им остават пари на креаторите на видеата. Функцијата Super Thanks им овозможува на гледачите да им аплаудираат на креаторите избирајќи една од четирите ценовни точки. Прилично интересно, доколку ова успее, сите ќе станат youtube-ри. Само мала напомена, ова е веќе 4 или 5 опција која ја додава YouTube со која сака да ја налаи улогата на Patreon и сл. сервиси кои веќе станаа редовен дел од шемата за заработка на јутјуберите.
А сега одам на одмор, и се гледаме ве Септември!Αντίο και καλή μέρα! 😎