Кога ќе се спомне CNN и неговата професионалност и неутралност, човек треба да отвори 4 очи 🙂 Оваа снимка е прикажана како „no comment“ снимка од синоќешните протести во Белград:
Од 00:00 до 00:18 секунди се снимки од некоја „неидентификувана тепачина“ во Букурешт, Будимпешта (детали во коментарите на изворниот клип на Youtube, кој разбира романски унгарски:), како и од 01:10 до 01:22, се гледа и по квалитетот на снимката и колоритот дека сцените се уфрлени.
Каква фабрикација на реалноста, како од некаков филм, третокласен, нискобуџетен. Штета само што 99 проценти од оние кои го виделе извештајот на CNN ќе го запомнат како слики од Белград од синоќа.
И нашиот јавен сервис токму за оваа ТВ проценил дека треба да го пренесува и преведува она што тие го емитуваат. Бедотилак…
Не е поврзано со постов ама ме интересира кој е меилот на Сеад…
Пратив на sead93@gmail.com ама ми стигна авто-порака од гугл – The email account that you tried to reach does not exist…
🙂 маилот е: sead.dzigal@newmedia.org.mk, некоја збунка сме направиле, поздрав.
Ама и ти си ја утнал 🙂
Будимпешта, Унгарија е. 🙂
Дарко се гледа дека си шетал по Пешта, ова у ствари беше тест за тебе :)) (се зезам)
toa e Belgrad
Pisuva ZANDERMERIJA na policijacite odpozadi
@ig: монтажата е од 00:00 до 00:18 секунди, како и од 01:10 до 01:22. Тоа помеѓу е Белград, не е спорно, значи не е целата снимка.