Agenda setting е вообичаената програмска агенда на информативните медиуми или програми, која произлегува од нивната уредувачка политика. Во нашава литература терминот се среќава и како „програмска рамка“, разбран во линеарна смисла, и во однос на тоа по кој ред и со кој приоритет се презентираат информациите.
За да се зборува за agenda setting по сите нишани, неопходен е општествен контекст во кој политичкиот, економскиот и медиумскиот столб се јасно издиференцирани. Овој термин е погоден заради тоа што може да послужи како тест колку се независни, или само-опстојни, медиумите, и колку самите новинари си ја извршуваат општествената функција.
Ако низ ваква призма и низ овие поими се тестираат состојбите во Македонија, секако ќе се појават бројни проблеми како може да се анализира дневната или уредувачката агенда на нашите медиуми. Ова пред се заради секундарноста или терциерноста на медиумите во однос на генераторите на„вести“ или „информации“. Таму каде што медиумите не доминираат во произведувањето вести и информации, обично се вели дека станува збор за сервилно/реактивно, новинарство кое ги брка настаните диригирани од екстерни фактори, најчесто политичко-економски.
И навистина ако медиумот нема капацитет да креира своја програмска агенда, ако трча по настаните нафрлени од политички партии, агенции, министерства, што и да е, тогаш тие сериозно наликуваат на бик во коридата кој трча по „црвеното“ тореадорско мафтало. Таквиот медиум само чека да биде прободен од тореадорот тогаш кога тој ќе процени дека така треба (заради забава на публиката, секако).
Бидејќи секој од нашиве медиуми си има своја агенда диктирана од „повисоки фактори“ тогаш уредувачката политика најчесто се реализира како степен на пропустливост за информациите кои се сервираат од „својот“ тореадор.
И конечно, зборувајќи низ вакви алегории, кога веќе еднаш на македонското новинарство ќе му се случи ова:
Нашето биковско (иако биволско или воловско е посоодветен збор) новинарство одамна ја има доживеано Тореадорскава ситуација од сликата. Проблемот е што им се видело убаво така! Значи прашањето треба да гласи: До кога ќе им е убаво вака?
Една голема мана имаат сите критикувачи на новинарството во Македонија, ги критикуваат сите новинари на купче, што најмногу им одговара на лошите новинари, бидејќи можат да се скријат во гужвата.
А има Македонија новинари кои си ја работат работата професионално и покрај притисоците од сите страни, вклучувајќи ги и дежурните критичари.
Затоа треба да имате јајца и да напишете „тој и тој“ новинар е лош новинар заради „тоа и тоа“.
Да, секако, и јас сум за индивдуализација на одговорноста, иако мислам дека списокот на новинари кои си ја работат работата како што треба е пократок и поекономичен за правење. Во секој случај важно е и новинарите да чувствуваат дека имаат директен фидбек и се под лупа на јавноста.
You might be a redneck if: You think GIF stands for "Goodie It's Free."
Wow, incredible blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your website is wonderful, let alone the content!. Thanks For Your article about МакедонÑка корида | К О М У РИ К РЦ И И .