Реклама во три корки

Како може да се толкува една реклама? Како може да се анализира една реклама? Како треба да се толкува и анализира една реклама?

Засега нема консензуален одовор на овие прашања, иако дебатите и анализите на темава се повеќе од бројни, особено во англо-саксонските академски кружоци и во сферата на влијанието на американскиот прагматизам.

Нејсе, или ти хауевер, постојат некои основни препорачани пристапи како треба да се толкува, а потем и анализира, една простодушна реклама.

Кетрин Фрит (Catherine Frith, Massachusetts Univ., US) ја наведува оваа методика: рекламата се анализира на три нивоа: (а) директно или површно ниво, (б) интенциско или реторичко ниво, и конечно (в) длабинско или културно-идеолошко ниво. Првото ниво подразбира прост опис на елементите на рекламата, наративот од истата (ако има) односите помеѓу елементите и сл. Второто ниво ја дешифрира намерата или стратегијата на оној кој се рекламира, која е неговата скриена порака и вистинска намера, и трето ниво (в), подлабинско значење на самата реклама и нејзиниот наратив, од културолошки аспект и низ призма на покрупни категории како што се идеологија, родови односи, политички вредности, митологија и сл.

roaming_bruno-4_mkd-copy.jpg

Ниво А: Рекламата се состои од момче тинејџер(че), кое се наоѓа на плажа (индекс=реквизити) некаде во странство (индекс=текст) како зборува на мобилен, додека го гледаат две девојки во бикини (кои патем кажано, случајно или не, се многу згодни и привлечни).

Ниво Б: Огласувачот сака да ја истакне (1) комфорноста (индекс=цена=ефтино) на своите корисници додека зборуваат во роаминг (за разлика од корисниците на конкурентските компании), (2) услугите кои нивниот корисник ги користи ќе му донесат различни бенефити (меѓу другото и „згодни жемцки“).

Ниво В: Рекламата ја презентира (1) доминантноста на мажите во модерното општество (индекс=самоувереност, централно место во рекламата, присуство на љубопитни и заинтересирани девојки околу него, (2) потрошувачката култура и престижноста која одредени производи и услуги ни ја овозможуваат (ти си она што купуваш), (3) сексуалната подреденост на жената, т.е. жените се „природно“ упатени своите телесно-сексуални благодети да им ги даруваат на истакнатите успешни самоуверени мажјаци.

Ова е само еден базичен начин на читање, а има многу, има дури и некои откачени кои рекламава ја читаа како ептен кул 🙂 Мерси на Горде за поттикот за овој текст..

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

6 Comments Реклама во три корки

  1. gorde 03/08/2008 at 21:36

    Nemozam na ova da ostanam imuna i da ne iskomentiram….slaba strana mi e ….:)))

    Vizuelnite kodovi sto se prakaat do sirokata publika e ,cel da se prodade ona sto se reklamira no za date ubedat i nametnat treba dobro vizuelno parce prateno do nasite mozocinja kade nonsarlantno si prifakame ,bidejke taka dobro e spakuvano kolaceto sto treba samo usta da otvorime ……toest da bides del od golemiot kolac……! Sto e reklamata..?

    Читаме, гледаме, слушаме потоа одлучуваме, купуваме насмеани, сакаме, се лутиме, мразиме. Во суштина таа е комплексна форма на комуникација што содржи стратегии кои водат кон различен тип на влијание врз мислите, чувствата и акцијата на потрошувачот. Нејзината ефикасност и успешност зависи токму од нејзиното влијание врз потрошувачкто однесување.Моментот употреба на женско ,девојка во рекламите ,претставена секогаш во ,,идеално издание ,, ксде се запазени 60/90/60 , е само колку девојки се имаат убиено токму ради тоа виртуелно претставување на рекламата. ,, убава згодна неопходна ,рекламира цај за слабеење,, и цуркиве паметни ке го купат чајот ке пијат ,ке пијат па ке се отрујат и на крај нема ефект , и се што им останува е само да се фрлат од 5 спрат.Или усте еден пример за претставување на женското тело -кај машките списанија ,симболкика зена гола со 90 градник, и на истата страна реклама каде купувацот на списанието нема санси да не ја забележи рекламата .И посел некое време после гледањето на списанието и оди дома и ги бара на женаму истите облини и црти ,без да му текне дека тоа е само добра монтажа (светло и фотошоп).Затоа пазете се што гледате не е така безоасно се како што ви изгледа:)))))))))))))

  2. sead93 03/08/2008 at 22:26

    Фала за обемниот коментар 🙂 Во секој случај жените се поголеми жртви на медиумските стереотипови, но само тие самите можат да ги отфрлат и да им се спротивстават, ништо од теориски муабети без конкретна акција, бојкоти на компании кои плаќаат такви кампањи, петицци и сл. Кога ќе се погледне под површината на фините реклами, се крие еден суров свет на експлоатација.

  3. Dare 04/08/2008 at 14:24

    Еххх….мажите се многу големи со оглед на она што го кажа>> зборење на мобилен ќе му донесе женски. Една од најголемите лаги во глобалниот маркетинг.

  4. тако 07/08/2008 at 16:25

    Амбициозно ќе се обидам да ги коментирам: 1. самиот метод, 2. неговата тукашна примена и 3. коментарот на самиот напис.

    1. 1. Нема објаснување за самата поделба на нивоата и нивна организација, а се добива впечаток дека третото ниво е хиерархиски надредено.

    1.2. Веројатно под влијание на америкаски интерпретирана реторика, вниманието е насочено кон оној што рекламира, условно испраќачот на рекламната порака. Импликациите на изоставање на прагматичниот дел од комуникацијата (публиката) се преголеми за можностите и димензиите на еден коментар.

    2. 1.Методот е педантно, школски спроведен, браво за тоа.

    2.2. ставот за постоење на скриена порака е дискутабилен. или тоа не е добро сторено штом скриеноста е разоткриена, барем во тукашното читање, или овдешниот читател (авторот на написот) е толку спретен да ја разоткрие тајната намера. Во двата случаи мојот став не наклонет кон идејата за скрена агенда и (не)спретни читатели. Повеќе за тоа можеби во друга прилика.

    3.1. "cel da se prodade ona sto se reklamira}" – не сите реклами продаваат, а други не успеваат во тоа. Пример за првите се non-product ads, за вторите може да се спори дека нам најпознат пример ни K-15.

    3.2. "Нејзината ефикасност и успешност зависи токму од нејзиното влијание врз потрошувачкто однесување." – ефектот на (особено) единечна реклма е тешко директно мерлив. А ефектите од рекламирањето општо се долгорочни, но најбитно резултатите се кумулативни, последица од делување на повеќе сили, од кои рекламата е само една. Ова може да имплицира дека премногу значење и се препишува на самата реклама, за жал на сметка на публиката. Се плашам дека ова е вистиски пат кон конструктивна критика на рекламата, и дека истото е само "скриена" намера да се критикува еден од неајизлитените поими – капиталистичкото потрошувачко општество заедно со своите инструменти за спробедување на своите цели, од кои рекламата е еден.

    4. Како за крај, на авторот му се заблагодарувам за мотивот за реакција (супер повод за мухабет), истот така и на првиот коментатор. Секоја против-реакција е добредојдена.

  5. Darko Buldioski 07/08/2008 at 19:18

    Фала Тако за коментарот. Стварно е вака помотивирачки 🙂

    би коментирал малку на твојaтa 2.2 точка. скриената порака, претпоставувам не ја изедначуваш со сублиминална па оттаму не гледам причина некој да не може да успее да ја "погоди" скриента порака на некоја реклама.

    Како што сеад погоре изанализирал, излегува дека таа скриена порака е всушност главната порака, барем првите делови од двете реченици, она со женските ја би го преместил подолу во секција "в".

    Веројатно до методологија на аналзиирање е. бидејќи тој е единствениот дел кој ги анализира директните пораки на самата реклама.

  6. airport taxi 21/11/2012 at 04:56

    When you exercise your freedom to express yourself at the lowest level, you ultimately condemn yourself to live at that level. -Zig Ziglar

Comments are closed.