96 #ПрегледВоПеток

Не е петок ако не започне со #ПрегледВоПеток 🙂 Се ближиме полека до 100ка, што ли ќе правиме?

Дигиталните вести остваруваат поголеми приходи

Во период од 3 месеци, месеци доминирани од коронавирусот и пад во огласувањето, The New York Times за првпат забележа поголем приход на својата дигитална платформа отколку печатениот весник.

Приходот остварен од дигитални претплати и реклами изнесува $185.5 милиони, додека за принт $175.4 милиони. Компанијата во овој период доби 669 илјади нови претплати што придонесе до 6.5 милиони вкупно, доведувајќи ги The New York Times поблиску до остварување на една од нивните цели – 10 милиони претплати до 2025 година.

А key milestone in the transformation of The New York Times.

Mark Thompson, Chief Executive

Паметни апликации за пазарување

Коронавирусот го спомнувам за втор и последен пат во овој преглед во петок. За време на пандемијата луѓето симнаа апликации за купување намирници десетици милиони пати. Ова значи повеќе од 100% зголемен раст за големите брендови во САД, како што се Instacart, Shipt и Walmart. Но исто така значи и воведување на нови опции и креирање на корисничко искуство што ќе го направи пазарувањето полесно и побрзо.

Горенаведените апликации и многу други се залагаат токму за тоа во последниве 5 месеци. И успеваат. Некои работат на непрекинато ажурирање на своите апликации а некои имаат план да воведат сосема нови апликации.

The improvements we made to the app over the last few months, like our enhanced availability predictions, along with our new cart maximum functionality, help us set expectations appropriately, and create a seamless experience for customers, shoppers and retailers.

Mark Schaaf, Chief Technology Officer of Instacart

За повеќе детали околу што овие опции вклучуваат кај различни брендови, топло ти препорачувам да го прочиташ текстот. Можеби ќе наидеш на идеја која можеш да ја имплементираш во твојот бизнис. 😉

Децата во Велика Британија нема да гледаат реклами за брза храна

Google ќе ги банира рекламите за брза храна за лица под 18 на своите платформи, вклучувајќи го и YouTube. Банот ќе стапи во сила во октомври и ќе важи за државите во Европа и Велика Британија.

Веста доаѓа неколку дена откако Boris Johnson ја најави кампањата за справување со прекумерна тежина во Велика Британија. Како дел од кампањата тие ќе ги банираат и сите ТВ реклами кои прикажуваат брза храна.

Младата популација нема да може да ги гледа рекламите што промовираат производи со високи масти, сол или шеќер (NFSS). Компаниите што ќе сакаат да се рекламираат преку Google ќе мора да потврдат дали нивните производи имаат високи NFSS.

Instagram го лансираше Reels

Поминаа 42 прегледи во петок откако за првпат пишувавме за Instagram Reels (првично Clips). Завчера Instagram ја лансираше Reels апликацијата во повеќе од 50 земји, достапна за iOS и Android.

Ајде да видиме дали на Instagram ќе им успее планот Reels да стане новиот TikTok. 🙂

Како изгледаа политичките кампањи кај нас на Twitter

Prizma.mk вчера објави статија во која Јане Димески пишува за Twitter кампањите на нашите политички партии за време на изборите. Статијата е прилично детална, убаво објаснета и интересна за читање од аспект на дигитален маркетинг така што нема што повеќе да пишувам тука. Доколку те интересира, знаеш каде е линкот. 😉

Бонус линкови

View this post on Instagram

“The Pace of Change” – new cartoon and post on trying to trying to run organizations on adrenaline https://marketoonist.com/2020/08/paceofchange.html #marketing #cartoon #marketoon “The pace of change has never been this fast, yet it will never be this slow again,” Justin Trudeau famously said in his 2018 speech at Davos. Of course that was two years before COVID-19 changed and accelerated everyone’s plans beyond recognition. A recent McKinsey report chronicled a few examples of organizations making heroic overnight changes in the last few months to their business models, technology, and customer experience, including “a global telco that redeployed 1,000 store employees to inside sales and retrained them in three weeks” and “a US-based retailer that launched curbside delivery in two days versus the previously-planned 18 months.” Yet McKinsey probes just how sustainable this pace of change is. They write, “CEOs recognize the need to shift from adrenaline-based speed during COVID-19 to speed by design for the long run.” They then highlight a few examples of how to cultivate speed by design. In this chaotic year, many brands and businesses are relying on adrenaline only. Organizations can only run on those fumes for so long. Adrenaline-based speed can lead to burnout. Merete Wedell-Wedellsborg described this burnout in a recent HBR article as “war room fatigue.” She draws from her experience in developmental psychology to describe three stages that people go through in a time of crisis: Emergency, Regression, and Recovery. In her view, we’re entering the Regression stage, where adrenaline fades and it gets harder to keep up the pace. It’s a good time to focus on our organizations for the long-term.

A post shared by Tom Fishburne (@marketoonist) on

До следниот преглед во петок 🙂