Брза проценка на веродостојноста на интернет страница (1)

Постарите професори (со кои сум комуницирал на тема медиуми) често знат да пласираат скептичност кон новите медиуми постојано ставајќи ја под знак прашање веродостојноста на податоците кои се објавени и гаранцијата дека зад нив стои легитимна организација/издавач или поединец/блогер (можеби).

Понекогаш со право се скептични, но тоа во никој случај нема да ги доведе во ситуација да посакаат да се едуцираат како да умеат да ја проценат веродостојноста и кредибилитетот на информациите на интернет. Ова важи за сите, не само за постарите, и не само за професорите. Интернетот и неговата содржина си имаат свои обележја преку кои често може да се дознаат многу повеќе работи. Се разбира за тоа е потребно едукација и време, т.е. искуство.

Наидов на некои интересни совети кои се базираат на техниката на поставување на брзи прашања со кои може квалитативно да се филтрира она што секој од нас го чита секој ден на интернет. Постов има бројка во насловот, што значи ќе ги покријам техникиве во серијал. Епа (конечно) еве го првиот дел:

Што може да ни каже една URL ардеса?

Многу често патешествијата започнуваат на некој од пребарувачите, да не речам Google, и веќе на сам старт треба да се анализира на кој лин да се кликне. Затоа адресата понекогаш знае да открива некои релевантни иформации кои заштедуваат време и секако водат до поквалитетни информации.

Прашаање 1: Дали станува збор за нечија лична страница?

Прочитајте ја адресата внимателно. Барајте лично име проследена со ( ~ ) или ( % ) или има зборови како “users,” “members,” или “people.” Исто така индикатор може да биде и име на некој Интернет сервис провајдер (geocities.com).

Што значи тоа?
Личните страници не се лоши, особено денес, кога блоговите се толку многу секојдневна појава, но тие бараат дополнително истражување/утврдување на кредибилетот на авторот. За нивната содржина не стои некоја поголема издавачка куќа или сопственика на некој домејн.

Прашање 2: За каков тип на домен станува збор? (gov; edu, org; com; mk; de;)

Дали содржината која ја барате е соодветна со доменот?

Што значи тоа?
Треба да се бара содветност. Каков домен би бил најверодостоен за содржината која се бара? Иако денес разделувањето на доемните не е следено со толку строги правила, сепак постои некоја ред, или етика која често знае да биде дополнителен извор на кредибилитет и веродостојност.

Прашање 3: Дали обајвената содржина е објавена од ентитет кој има смисла?

Погледни дали адресата содржи ентитет/фирма/организација која е позната. Вообичаено тоа е првиот дел од адресата (помеѓу http:// и првото /) Дали ова име кореспондра со името на сајтот?

Што значи тоа?
Секогаш може да се има поголема доверба во содржина која е објавена од самиот издавач. Па така доколку барате информации за некое министерство поверодостојни би биле информациите на нивниот матичен сајт.

Во вториот дел: Брзо разгледување на основните информации за авторот/издавачот

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

3 Comments Брза проценка на веродостојноста на интернет страница (1)

  1. Darko Buldioski 07/08/2008 at 12:08

    Да де. тоа е. 🙂

    Заборавив да го ставам тука, и планирав на крај да го става 🙂

  2. Дамјан 07/08/2008 at 22:02

    Го пастнав да го има за оние кои не сакаат да чекаат до следниот пост. 🙂

Comments are closed.