Медиумски војни: епизода Осетија

По наглата ескалација на вооружените судири во јужна Осетија (или по нашки ј. Почувствуваја 🙂 се интензивираше медиумската војна. Распоредот на силите е прилично лесен за антиципација, западните медиуми на страна на Грузија, руските медиуми на страна на отцепената непризнаена област. На глобална сцена овој пат Русите имаат свој адут, па сега медиумската (прикриена) војна ја водат CNN, FoxNews, BBC, Sky News, наспроти Russia Today, и делумно CCTV9 од Кина. Овој конфликт е интересен за анализа од медиумска гледна точка затоа што е релативно дистанциран од нашите локални околности и послесно е неутрално да ги следиме нештата.Како по некоја матрица се повторуваат оние феномени кои за жал ни се така добро познати, а кои можат да се сублимираат во неколку стратешки медиумски маневри и стратегии во водењето на медиумската и пропагандна војна:

  • манипулација со бројки – различните цифри, од бројот на убиени, ранети, раселени, ангажирани трупи, употребени авиони, урнати авиони и сл. е секако алфа и омега во азбуката на војувањето. Додека прогрузиските медиуми јавуваат за 7 ранети цивили, руските медиуми јавуваат за над 1000 убиени цивили од Осетија. Каде е тука вистината? Веројатно некаде помеѓу.
  • интензификација и аугментација на реториката– во вакви ситуации вообичаено веднаш се употребува тешката реторичка артилерија: осетиско-руките претставници обвинуваат за геноцид, етничко чистење, додека грузијците обвинуваат за агресија, непредизвикан напад и сл.
  • дехуманизација на противникот: противникот се обесчовечува, наспроти емпатијата кон својата страна-слики на жени и деца во скривници (=емпатија), наспроти слики на тенкови, авиони и блесоци од гранати и ракетни проектили.
  • еуфемизација на сопствените воени постапки – она што е за едната страна „агресија“ за другата е „засилување на мировните сили“, она што е напад врз цивили за другиот е „преземање контрола“, и.т.н.

capture.JPG

  • таксонимија или селекција на податоците: тоа што влегува во прилог на уредувачката перцепција се приоретизира, повторува и нагласува, она што не влегува во таа дешифрирачка рамка се игнорира.
  • сеење на страв и паника: ова оди рака под рака со точка 2 и е во тесна врска со точка 3. Се наведуваат гласини, се навестува нешто што веројатно нема да се случи, и слично.
  • денационализација на денешните војни: интересно во овој најсвеж конфликт е како е самиот феномен на војување денационализиран или убер-национализиран, односно е сосема надминат: кога ќе ги видите водителите Британци на Russia Today како со жар ја претставуваат руско-осетиската страна, или пак Ралица Василева за американскиот поглед на нештата, ви станува јасно колку е националниот момент надминат во денешните војни.

svgoegria-200x0.jpg

Во време на војна медиумите се вклучени во мобилизацијата

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment Медиумски војни: епизода Осетија

Comments are closed.