Како работните навики се менуваат под влијание на мобилните уреди

Ретко го читам Mashable, но овој пат преку неколку клика стасав до еден интересен инфографик. Да, знам зачестив со обајвување на инфографици, но што да правам, ги има многу, и има добри. А рака на срце, и во моментов некако најсоодветно спакувана содржина ми се. Визулено, кратко и јасно… ако треба нешто повеќе да дознае човек ги бара изворите и зарвшува работа. Патем додека сум натемава ако сакаш инфографици погледни го visual.ly

Туку, назад на муабетот. Сведоци сме дека голем број од нашите дневни навики се под големо влијание на мобилните (пред се паметни) телефони и таблетите. За преносните комpјутери веќе и да не зборуваме, тие се стара приказна :). Благодарение на овие уреди има луѓе кои „живеат” во меил, кои не памтат ниту еден податок затоа што сите им се лесно достапи и секако луѓе кои не чувствуваат потреба да одат во канцеларија за да работат. Односно луѓе кои работат нон-стоп. Ме погоди темава затоа што се препознавам (делумно) во овие последниве. Често на пријателите и роднините кога ќе ме прашаат за работно време им велам дека штом сум на интернет јас работам, а токму благодарение на мобилниот, нон-стоп сум на интернет. Барем додека сум во МК :).

Gist, сервис за управување со вашите контакти, неодамна купен од RIM (BlackBerry) собрале статистика која ги посочува трендовите за денешниот мобилен работник. Кликни на фотографијата за деталите:

mobile workers

Јас си кажав дека сум скоро нон-стоп на работа, а ти? Како изгледа твојот работен ден? Колку работиш на мобилен? Дали имаш измени во договорот за работа под влијание на подвижнава технологија во последниве година-две?

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment Како работните навики се менуваат под влијание на мобилните уреди

  1. Pingback: Третина од американците се изгубени без мобилен телфон! А ти? | К О М У Н И К А Ц И И

Comments are closed.