Олимписки коментаторски медали

Олимпијадата почна, а со тоа покрај натпреварувачкиот дел, во тек е и забавниот дел. Добра забава на нашиве простори секако се коментарите. Од првите неколку дена со спорадично гледање веќе испопаднаа неколку забавни секвенци на коментаторите, па грев ќе беше да не ги запише историјата. На сугестија на Дарко отворивме вики страница, на која секој со малку добра волја и добро уво може да ги сподели 🙂

mkolimpiski_biseri_copy.png

За загревање еве неколку бисери од првите неколку дена:

Сидоровски (МТВ, свечено отворање): Еве уште една земја од Девствените острови, се чини дека денес на стадионот има повеќе земји од таму отколку девици.

Лазар Поповски (експерт за кајак и кану): Ни Мaркс ни Енгелс не би можеле да пресметаат колку време, труд и средства е вложено за да Атанас Николовски се најде во Пекинг.

Трк на wiki страницата и внимателно гледај/слушај олимпијада и дополнувај за општа смеа.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment Олимписки коментаторски медали

  1. Pingback: 2008 година на купче | К О М У Н И К А Ц И И

Comments are closed.