За тоа колку се важни новите медиуми во новата политичка сцена пишувано е многу, меѓу другото и на овој блог. Демократскиот претседателски кандидат Обама е особено приклонет кон ваков начин на комуникација, и со тоа само поцврсто и побрзо ги воспоставува новите стандарди на политичката комуникација на 21-от век. Впрочем видете каде се можете да го најдете Барака:
Facebook MySpace Youtube Digg Flickr Twitter LinкedIn…
Токму преку Тwitter беше лансирана последната вест од неговиот камп: името на неговиот кандидат за потпретседател ќе го означи преку имејл порака и СМС. За оваа ексклузива не ви треба Сител, ниту некој сличен, заинтересираните е потребно само да се регистрираат на неговиот сајт или на самиот Твитер, а за спомнатата информација ќе добијат електронска порака како и смс на мобилен.
Сум направил грев не спомнувајќи дека Рада во предизборието имаше слична кампања на присутност на сајтовите за социјално вмрежување, додуша во нешто помал обем, но сепак редно за споменување 🙂
http://news.bbc.co.uk/2/hi/americas/7578136.stm