Добро утроооооо! Денес е еден од оние денови кога немам што да кажам како вовед, па затоа веднаш ќе преминам на главното. Уживајте во денешниот #ПрегледВоПеток 🙂
Трамп ќе го банира ТiкТок во САД
Минатиот четврток Трамп издаде извршни наредби за забрана на постоење на социјалните мрежни апликации TikTok и WeChat во САД доколку кинеските матични компании не ги продадат во рок од 45 дена.
Во пораката на Трапм се наведува дека TikTok автоматски презема огромни информации од своите корисници, како што се податоците за локацијата и историјата на прелистување и пребарување и со тоа се заканува дека ќе ѝ овозможи на кинеската комунистичка партија пристап до личните и комерцијалните информации на американците – потенцијално дозволувајќи ѝ на Кина да ги следи локациите на вработените во федерални агенции, да гради досиеја за лични информации за уцени и спроведување на корпоративна шпионажа.
За повеќе информации, ќе почекаме. Сè ќе биде јасно. Кога? 15 СЕПТЕМВРИ!
AliExpress ќе го скрати времето за испорака во Европа за 30%
Ви се случило да нарачате нешто од Aliexpress и да заборавите дека воопшто сте го направиле тоа? 😀
Да се надеваме дека новиот воздушен лет, со рута до Кина до Шпанија, ќе го намали времето на испорака.
Најавени се три летови неделно до Мадрид и Лиеж и се тврди дека нарачките ќе пристигнуваат за 10 дена во Европа.
Скамери профитираат од лажни прегледи на Reel
Уште неизлезена (народно кажано) апликацијата, скамерите веќе профитираат со продажба на лажни прегледи на Reels. Апликацијата е кратката форма на видео на Instagram, која беше лансирана на 5 август.
Еден од скамерите изјавил дека тој веќе направил доволно пари од продажба на лажни прегледи за да си дозволи добар автомобил и пристоен дом. WHAAAAAAAT?
Оптимално, купувачот плаќа $5 за 1.000 прегледи и $15 за 1.000 лајкови.
П.с. уживајте додека сè уште не е достапен Reels кај нас.
Microsoft изненадува со нов телефон
Минатата есен, Microsoft ги изненади сите кога го објави Surface Duo. После скоро една година развој, Microsoft конечно е подготвен да го пушти телефонот во продажба. Телефонот изгледа како да е многу повеќе од само гаџет со двоен екран и дава чувство како да се создава сосема нова и возбудлива димензија на смарт телефони.
Моментално е достапен за pre-order и чини $1,400… Кхм! Кој ќе даде волку пари во време на пандемија и светска криза?
Бонус линкови
- Web History Chapter 1: Birth
- Web History Chapter 2: Browsers
- 10 TikTok Marketing Tips From the Pros (Who Went Viral!)
- The Massive Google Update Was Glitch & Bug
До следниот преглед во петок,
Алекс