Бесплатен стрип за весниците по повод светскиот ден на писменост

8 септември не е само национален празник во Македонија. 8 септември да ти бил и светски ден на писменоста. По тој повод Светската асоцијација на весници смислила пригодна кампања за промоција на овој ден, т.е. важната порака која ја носи тој.

Секторот за млади читатели на WAN-Press на своите членови им нуди стрип во 8 дела приалгоден за преведување/адаптирање со оригинален наслов “Frannie Learns a Lesson”. Тие на овој начин ќе се обидат да го промовираат интернационалниот ден на писменоста поттикнувајќи го целото семејство повеќе да чита.

Знам дека едно време здружението на печатени медиуми во Македонија беше дел од оваа асоцијација, но не знам дали некој од весниците индивидуално е член. Еве да претпоставиме дека има такви и во МК.

Би сакал да го видам овој стрип и во некој од нашите дневни весници. И во Македонија е потребно поттикнување и тоа не само за зголемување на писменоста туку и за зголемување на читателската публика на дневните весници.

Еве неколку линкови до деталите за оваа акција, со надеж дека некој може ќе пројави интерес:
WAN Youn Readers
All over, newspapers will give families a story to read together on International Literacy Day
The Cartoon Project

1 Comment Бесплатен стрип за весниците по повод светскиот ден на писменост

  1. melbourne airport pa 21/11/2012 at 06:37

    What's the definition of a school report? A poison pen letter from the principal.

Comments are closed.