Третина од американците се изгубени без мобилен телфон! А ти?

Пред некој ден напишав пост со статитика за тоа како работните навики се менуваат под влијание на мобилните уреди, а денес Pew Internet and American Life Project објави истражување кое се однесува на генералната употреба на мобилните телефони од страна на американците.

Еве ги главните работи кои ги утврдиле со ова истражување:

  • 83% возрасните американци поседуваат мобилен телефон
  • 40% од сопствениците на мобилен телефон изјавиле дека мобилниот телефон им помогнал кога се нашле во опасност
  • 42% од сопствениците на мобилен телефонго користат телефонот за забава кога име досадно
  • 42% од младите на возраст од 18 до 29 се нашле во невоља заради употреба на мобилен телефон

Истражувањето открива уште многу детали како на пример посебната статистика за корисниците на паметни телефони. Детали има на PEW и на RWW.

За жал кај нас нема вакви истражувања за да може да споредиме, иако не би ме изненадило и бројките да се слични. Факт е дека целокупниот живот е под влијание на технологијата, достапноста на инфромациите и сл. Прашање е дали ние како индивидуи, организации, компании се менуваме соодветно? Дали ги општеството во погенерална смисла се прилагодува во чекор со индивидуалните трансформации?

Ми се чини дека нашево, МК општество не се менува баш доволно, но немам цврсти докази за да го поткрепам тоа во моментов. Или пак немам доволно време за да ги сиберам :).

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment Третина од американците се изгубени без мобилен телфон! А ти?

Comments are closed.