Кога се спомнуваат рекламните стратегии, и начините на кои тие се детектираат и дешифрираат, како што беше спомнато во некои постови овде, многу е важно да се спомне дека рекламата си дозволува да се само-критикува, само-пародира и само-моделира, на начин кој сигнализира дека правилата и нормите во правење реклами се мошне флудини и менливи.
Како една од техниките кои рекламите ги експлоатираат беше спомнато ангажирање на познати ликови кои треба да не убедат со својот авторитет, реноме или емоции ки ги врзуваме кон нив во она што тие го застапуваат. Како во рекламите се може да биде предмет на „креативно“ преосмислување, така и ова правило и нејзиното деконструирање послужува како основ за правење рекламна кампања на „Geico“:
Последново видео не ќе да е вистинска реклама на Geico, туку некој вид "домашен римејк".
Забелешка на место 🙂 ќе да е некој home made, иако Geico не се бунат нешто 😉
Еј поздрав страничкава е супер и редовно те читам, а пошто ова е за медиуми да те известам дека http://www.alfatv.com.mk почнал да работи само сеуште не е до крај уреден
инаку, мојот блог е
enternew.blog.com.mk
Euronews corporate advertising spot
Еве еден нов пример. Ме воодушеви рекалмава. Нема скриени пораки, нема претпоставувања, се ти кажуваат, да си бидат сигурни и на крај пакимаат одлична рекалама.
оф топик за Алфатв: срамота е да се стави јавно такво нешто. не за изгледот, тој е современ, туку за тест работите-вестите кои ги има внатре.
уште еден офтопик за алфатв: Погледнете долу пишува Designed By : Semos multimedia а толку е воочливо дека се работи за украден темплејт. Ако ништо друго не морало да го пуштаат сајтот дури не го сределе до крај. Дури и рекламите од темплејтот не се тргнати
рекламиве се баш закон, добра идеја…
инаку го кликнав линкот и бев кај алфа ти ви ама викаТ андер констракшн…
Да, подобро е да го средат како готов производ, па да го пуштат, многу сме подбивџиска нација 🙂 Сигурен сум дека ќе биде освежување во нашава средина.