Првин се израдував дека еве една од нашите национални телевизии се решила да вложи во емитување на телетекст информации на својата фреквенција, и да ги збогати можностите за пристап до информации, но веднаш потоа, во типичен локален стил, следуваше разочарувањето од (а) немање информации и (б) присутност на вакви моменти:
Што да се каже? Веројатно ништо што би ги сменило фолирантството и површноста во сé што го прават локалните медиуми (чест на исклучоци). И потем се лутиме што (ние гледачите) повеќе гледаме „OBN“, „Nova“ и „HTV1“ и не можеме да продадеме реклами? Ех, а ова е само врв на сантата мраз. Додека не го подобрат квалитетот нека бидат среќни што на гледачите не им текнува, или ги мрзи, да побараат да ги исклучат локалните телевизии од кабелските пакети .
На темава, баш деновиве приметив дека CNN го прекинал телетекст сервисот, немам појма од кога…
http://edition.cnn.com/cnntext/