Турците пак цензурираат, ама не е тоа најважното

Пристапот на интернет корисниците во земјата на страниците на Вордпрес е оневозможен, откако судот во Истанбул нареди сајтот да биде блокиран, откако ја доби тужбата дека многу од блоговите на Вордпрес содржат клевети против писателот Аднан Октар, кој своите книги ги пишува под псевдонимот Харун Јахја. …А1

Не е ништо ново, или нешто што не се очекува, но постот не е за тоа. Постов го пишувам за да ги пофалам А1. Тие на својот сајт под секоја сторија оставаат опција за автоматско пријавување на сторијата на Кајмакот. Бидејќи вестите ги читам преку фид, не знам точно од кога е воведена оваа можност, може да е и многу порано, но во секој случај заслужува да се одбележи и пофали.

Претпоставувам дека зад потегов стои Стеван (редовен читател на овој блог) ако е така честитка за него. И нормално гласајте за оваа сторија на Кајмакот.

Дополнување: додека не ме искареле, да кажам дека и мрт онлајн има ваква опција, и тоа не само за пријавување на Кајмакот туку и на Del.icio.us, Digg, Reddit, NewsVine i YahooMyWeb

(27.09) Дополнување 2: И DW на Македонски има social bookmarks. 🙂

Technorati Tags: , , , .

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

3 Comments Турците пак цензурираат, ама не е тоа најважното

  1. ицко 22/08/2007 at 15:31

    вака, ако сакаш ти или било кој друг корисник на вордпрес на секја статија да има копче „пријави кај кајмакот“ треба да го ставиш во индексот овој код кај постовите, на пример после ова: „21 August, 2007 · Автор: darko156“ да го ставиш овој код „<a>&title= ">Пријави кај Кајмакот“ ќе ги тргнеш македонските наводници за да работи кодот нели 🙂

  2. ицко 22/08/2007 at 15:35

    Дарко извинензи бите само ова едиторот што е го извршува кодот јебига, џабе се наводници, ќе се обидам да го вметнам со [вакви загради] намесот па ти ќе си го смениш:

    вака:

    [a href="http://kajmakot.softver.org.mk/prijavi/?url=%5B?php the_permalink() ?]&title=[?php the_title(); ?] "]Пријави кај Кајмакот[/a]

  3. darko156 22/08/2007 at 16:35

    Ицко, фала за советите, ама на насловна страна веќе имам копчиња за додавање на статијата на кајмакот, она што не сум го забележал е дека кога кој било пост е сам отворен (permalink) немам таму ставено, ама сега ќе ставам 🙂

Comments are closed.