Информатичкото општество и неговото влијание

Благодарејќи на благородната работливост на Мите само ја пренесувам следната информација: „Форумот на студенти на европско новинарство – Македонија организира Источноевропска конференција “Информатичкото општество и неговото влијание врз медиумите за млади” во Скопје на 12-ти и 13-ти септември, 2008 г“.

На конференцијата ќе има четири работни сесии:

  • Прва сесија: Глобално медиумско село,
  • Втора сесија: Онлајн медиуми за млади и младински портали,
  • Трета сесија: Блогови, форуми, групи на јаху, фејсбук, мајспејс, хај-фајв, и
  • Четврта сесија: Заедници на интернет: животот на интернет и виртуелната реалност

Конференцијата ќе овозможи:

  • Размена на контакти и искуството од онлајн медиумите за млади во Европа меѓу студентите и младите новинари.
  • Дискутирање за улогата на Информатичката технологија во создавањето на релевантни медиуми за млади и портали и нивната важна улога за младата генерација.
  • Размена на мислења за влијанието на овие медиуми за млади врз глобалната мрежа и за денешното новинарство на интернет.
  • Дебатирање за нови теми во врска со развојот на Информатичкото општество вклучувајќи го неговото позитивно и негативно влијание врз глобализацијата и „виртуелниот“ живот на младите луѓе во Централна и Источна Европа и Кавказ.
  • Преглед на релевантните онлајн медиуми за млади преку проучување на случаи и процена на нивната улога во демократскиот развој и промоција на јавното мислење на младите во овие региони.

За другите поединости, вклучително и нашите активности на самиот собир, на сајтот на Центарот за нови медиуми.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

2 Comments Информатичкото општество и неговото влијание

  1. melbourne airport tr 21/11/2012 at 04:30

    What should you do if you find a snake sleeping in your bed? Sleep in the wardrobe!

Comments are closed.