За линкот (семоќен) и Твитер!

Ако некогаш си подразмислил повеќе или ако си читнал некој текст за историјата на интернетов или пак ако си слушал некое мое предавање за вовед во нови медиуми тогаш сигурно знаеш дека развојот на интернетов каков денес го знаеме е благодарение на линкот.

Овде на блогов во повеќе наврати сме го „воспевале” линкот, но во последно време почувствував дека страшно почна да ми недостасува и на твитер.

Ние „старите” твитерџии си знаеме дека твитер е вреден за линковите… Претпоставувам дека токму мотивирани од масовната употреба на твитер од страна на корисници кои муабетат без притоа да објавуваат и линкови (да даваат контекст) воведува нова можност на својот сервис.

Twitter започна да покажува поврзани стории за да даде контекст на твитовите

Новата функција, наречена „Related Headlines“, се наоѓа веднаш под објавениот твит, така што брзо можете да стигнете до различни приказни кои го поврзуваат овој твит или личноста која го има објавено твитот.
ИЗВОР: it.com.mk

Ајде да видиме колку оваа нова опција на Твитер ќе успее да вметне контекст и дали ќе влијае некако на бројот на кликови на линкови.

Колку за тебе е важен линк во твит?

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.