Полека се движиме накај 100. #ПрегледВоПеток, но до тогаш да видиме што се случуваше во светот на бизнисот, маркетингот и креативата изминатава недела.
Откриени фонтовите на познатите логоа
Се сеќавате на играта каде погодувавте име на бренд според логото што го гледате? Сигурна сум дека повеќето од вас поврзуваат боја и изглед на букви според логото каде се користени. И нема ништо чудно во ова, ветувам 🙂
Па, има еден дечко кој е сметан за лого гуру и води Инстаграм профил каде објавува различни едиции, форми и примени на светски логоа. Овој пат тој се одлучил да ги открие фонтовите што се искористени при креирање на најпознатите логоа во светот.
Па, ако ти треба инспо, бујрум…
Не секоја компанија треба да има политички став
Фасцинантно е колку маркетингот базиран на вредности е популаризиран последниве години. Живееме во време каде скоро секој голем бренд има јасно искажан став околу некое политичко или глобално прашање и ја води филозофијата на своето работење токму според ова.
Од друга страна ја имаме генерацијата X која секојдневно протестира поради тоа што некој бренд јавно застанал или НЕ зад некоја кауза. Неверојатен е фактот дека дури 35% од оваа група на луѓе, бојкотираат бренд на кој претходно потрошиле пари за нивен производ или услуга.
И додека многу самопрогласени маркетинг гуруа ги охрабруваат брендовите да се нафатат на ваков чекор со цел да се поврзат подобро со својата публика, Mark Schafer ги советува да не брзаат со ваквите стратешки одлуки.
Не секоја компанија голема или мала треба да заземе политички став.
Sometimes you want a hamburger just because it tastes good or a car wash because it’s nearby. Don’t buy into the hype that every company needs to take a political stand.
Mark Schafer
Премногу се согласувам со ова и топло го препорачувам четивото на сите оние што работат на свој бренд или пак помагаат во филозофското позиционирање на друг.
Драмата помеѓу TikTok и Трамп продолжува
Трамп му даде нов 90 дневен рок на TikTok.
Драмата помеѓу кинеската платформа што направи бум последнава година и Трамп продолжува. Целата паника околу стравот на американската влада дека TikTok ќе споделува информации за американски државјани со кинеската влада и со тоа ќе ја загрози националната безбедност на САД, изгледа нема да заврши за брзо.
Во најновите забелешки, TikTok е задолжен да ги уништи сите содржини креирани од американски државјани што се пласирани на оваа платформа и да ги извести надлежните штом овој процес е готов.
Моменталните шпекулации за купување на TikTok се поврзани со Microsoft и Twitter а скроз нај нај нов со Oracle, па ќе видиме што ќе се случи во оваа сапуница.
Google лансира персонални картички
Прашањето не е дали се имате изгуглано себеси, туку дали ви се допадна она што сте го виделе.
Google оди чекор напред и воведува персонални картички. Ова значи дека секој може да си направи дигитална визит картичка во проширена верзија. Ги внесуваш сите податоци што би сакал да бидат видливи кога некој ќе го искуца твоето име, како професија, контакт информации па дури и аватар или фотографија и тадааам…
Google имаат објавено дури и прирачник со совети и насоки за успешно креирање на тип топ персонална картичка.
Сега за сега е достапно само во Индија, па имајте на ум дека ние малку ќе си почекаме додека го истестираме.
Иднината е во јуниор дизајнерите
2020 е година на дизајнерски решенија според многу сениор дизајнери. Но она што ја прави целата нивна работа клучна и неопходна е вклученоста на јуниор дизајнерите во работата.
Ова се 7 причини зошто дизајн експертите веруваат дека сега е совршено време за ангажирање на јуниор дизајнер:
- Нов талент за решавање на проблеми
- Поддршка на сениор дизајнерите
- Воведуваат нови дизајн вештини
- Внесуваат различност во групата
- Вклучени се, фокусирани и лојални
- Запознаени се со актуелни прашања и работат на нив
- Помали трошоци
“Свежата крв“ во работното опкружување не секогаш носи позитивни искуства, но за едно нешто се согласувам а тоа е дека со новите деца доаѓаат и нови знаења. Нови вештини, свеж поглед на работите, ентузијазам што ја води работата до перфекција, продуктивност и енергичен пристап…за помалку пари 🙂
Бонус линкови
- ‘Fortnite’ maker Epic Games just set an antitrust trap for Apple, and Tim Cook walked right into it
- LinkedIn Sells SlideShare to Scribd
- Facebook launches support for paid online events
- How to simplify your design
- Fortnite’s battle with Apple and Google could have an impact on news publishers, too
Убав викенд друштво, се читаме следниот петок 😉