Интернет станува традиционален

Ми надоаѓаат милион парчиња реченици кои сакам да ги споделам, искоментирам, пофалам или критикувам и сите тие се однесуваат на интернет. И затоа можеби се хаотични… бидејќи нели и самиот тој е хаотичен… не баш лесен за навигација и тежок за средување.

Но, за среќа, или можеби за жал (сепак мислам дека ќе биде за жал), луѓето кои на темава се далеку поумни од мене велат дека наскоро многу лесно ќе можам да си ги средам мислите и речениците зашто и самиот интернет ќе биде посреден. Ќе биде посреден затоа што промените кои интензивно се случуваат водат кон слатко запакувани готови производи кои секогаш нѐ привлекуваат повеќе од пакетот наречен „направи сам”.

Што ли блада сега Дарко?

Го прочитав по втор пат (а неки делови и по трет) текстот неодамна објавен на Wired: The Web Is Dead. Long Live the Internet. И во желба да го препорачам на што е можно повеќе луѓе, да го прочитаат, решив да напишам блог пост. Но, глупаво ми беше да прераскажувам што таму се пишува, па си реков… ајде да „бладам“ малку. Патем, пред да продолжиш со читање на постов мора барем првиот дел од текстот да го прочиташ. Ќе бладам затоа што сакав пред две недели да напишам еден друг пост во кој ќе се обидев преку два плагина да претпоставам во која насока ќе се развива сурфањето. За жал, денес веќе и не ми текнува кој беше вториот плагин. Првиот е TabCandy.

An Introduction to Firefox’s Tab Candy from Aza Raskin on Vimeo.

Дополнето [26.08.2010] – TabCandy во новата верзија на Firefox официјално е претставено како Panorama

И сега откако убаво размислив (и го препрочитав текстот во Wired) сигурен сум дека сурфањето во прелистувач ќе мора да понуди ново искуство, најверојатно нешто налик на ова со TabCandy, затоа што интернетот не е онаков каков што беше досега, исто како што и не беше кога се дојде време да се појават табовите.

Интернетот се затвора

Не буквално де, без паника, не е ова ни блиску до пророштвото на Сашо, туку се затвора како модел. Модел на мрежа која има карактеристика да се шири според законот на Меткаф. Патем, сега и на предавањата за вовед во нови медиуми ќе морам да сменам голем дел од слајдовите :). Но, попаметните ладно ќе речат… е добро де не е тоа ништо ново. Се случувало и претходно, ќе се случи пак.

This was all inevitable. It is the cycle of capitalism. The story of industrial revolutions, after all, is a story of battles over control. A technology is invented, it spreads, a thousand flowers bloom, and then someone finds a way to own it, locking out others. It happens every time.

Но, не е исто кога тоа ви се случува пред очи, и кога 18 години некои луѓе мислеле дека  на оваа работа нема да може така лесно да и се случи истото сценарио. Она што најмногу ме тера во исто време да се чувствувам, онака, неубаво, е фактот што јас во некоја мера уживам или подобро речено го почитувам тој модел на затворен систем. Убаво ми е кога ќе имам апликација која за кратко време ќе ми го послужи токму тоа што ми треба. Фино е кога имаш чувство дека компјутерот или телефонот (секако со интернет во позадина) те служи тебе, а не ти нему. Плус фино е кога знаеш дека некои работи им носат пари на компниите затоа што тоа значи дека тие и понатаму ќе продолжат да го развиваат производот и да нудат побогато искутво за сите нас.

Секако, сѐ си има своја цена. А во капитализмот ова значи монопол или во поблаго сценарио олигопол. Ниту едното, ниту другото се добри. Но, самото општество, односно потрошувачите, кои во сферата на интернетот се викаат корисници или луѓе кои порано беа познати како публика, се „виновни” за тоа. Виновни се затоа што вклучувајќи ме и мене (реков делумно), ние сме повеќе, далеку повеќе од другите. Сакаме се да ни е стокмено и да се грижиме за другиот дел од животот. Ама другиот дел е струја, вода, превоз, енергија и сл. Чекај, па тие веќе одамна се монополи или олигополи. Значи, ок сме, нема да имаме гајле. Ќе преживееме и со монополи или олигополи и во овој сегмент од нашите животи.

Ако дојде до тоа…. да знаете јас го бирам интернетот на Google, искрено, не ги сакам Facebook, ич.  А ти?

1 Comment Интернет станува традиционален

  1. airport transportation 21/11/2012 at 04:33

    I know your trying to insult me, but I know you like me. I can see your tail wagging.

Comments are closed.