Во една прилика пред неполна година, го посочив plagij.at како најдобар групен (колаборативен) блог во МБЗ. Тогаш наидов на некои мали несогласувања дали воопшто plagij.at е блог. Денес една година подоцна не навлегувам во тоа дали овој сајт е блог или не. Едноставно одличен е и плус слави прв роденден.
Честитки до заедницата која кружи околу овој проект. И да ви се множат годините на успех.
На голема жалост, роденденскиот концерт нема да го следам, оваа година решив да видам како е кога одиш последен на одмор 🙂