Беа и поминааа Олимписките игри 🙂 Од една страна, Фелпс, Болт, Кобе и останатите, ги собраа медалите, некои пак не знаеја како да му кажат на судијата дека е „педер“, а нам ни останува само да ја заокружиме сторијата и да ги прогласиме победниците на Коментаторските олимписки игри.
Сите забележани коментари под рубриката „забавно“ можете да ги ѕирнете на „Вики“-то. А првите три носители, според слободен избор на нашето жири (методот не е баш идеален, ама такви се и Оскарите, по слободен избор :), ностителите на медали се следни:
БРОНЗА: Славко Цвитковиќ (ХРТ2, Кина:Шпанија): Еве го повторно Рубиo… Страшно реагира.. Брз е како Кинез.
СРЕБРО: Златко Калински (мтв, 400 метри со пречки, мажи): Ершон Џексон (трча) како да го бркаат ѓаволите!
ЗЛАТО: Александар Сидоровски (МТВ, свечено отворање): Еве уште една земја од Девствените острови, се чини дека денес на стадионот има повеќе земји од таму отколку девици!!!
Сè додека спортските настани се покриваат со само еден коментатор ќе има големи лапсузи. Еве Сеад пробај еден ден да станеш во 2.00 (утрински нели, да нема забуна) одбери некој спорт кој ти „лежи” гледај го во живо или пак претходно сними го на некој медиум (ама не го гледај и не знај како ќе заврши) , вклучи го диктафонот и коментирај, па потоа преслушај се.
Dok во право си 🙂 не е лесно, пишував и во други постови дека имаат ужасни услови за работа. Ние пак некако пак чувствуваме дека имаме право да се забавуваме на нивна сметка, бидејќи хуморот не ни е злонамерен 🙂 Поздрав!
Pingback: 2008 година на купче | К О М У Н И К А Ц И И
Lately, I didn’t give lots of consideration to leaving feedback on weblog Sztachety page posts and also have placed comments even a lot much less.