Изминатиов период политичките партии повторно пополнија некои од своите редовни конференции за медиуми со нивните успеси на социјалните медиуми. Имаше некои реакции и по локалните блогови и на Twitter и Facebook, но интерес имаше и кај медиумите.
Магазинот Глобус, односно новинарот Звездан Георгиевски ме повика на разговор од кој подоцна со поткрепа од неколку други линкови и придонес од колегата Зоран Ричлиев во вторникот беше објавен текст. Страницата на магазинот некое време не се надополнува па затоа еве го текстот во целост.
Дополнително, вчера, на насловната страница на balkaninsight.com се појави текст на истава тема: Macedonian Politicians “Missing the Point” on Facebook. Во него беа позајмени некои мои изјави но дополнително има ставови и консулатции од уште неколку луѓе.
Заклучоците се исти. Сме ги повторувале и ние полно пати тука на блогов. Во основа мислам дека незаслужено во МК интернетот се уште не се сфаќа сериозно.
Имам една теорија дека темите за интернет и се врзано околу него во нашите медиуми се викенд и празнични теми. Едноставно е, ако нема некој голем скандал (како оној со докторките) тогаш овие теми доаѓаат на ред само кога политичарите се на викенд, продолжен (празничен) викенд или одмор. Во изминативе неколку години континуирано ми се случува да ми бараат за изјави преку викедн или за празници. Баш затоа си мислам така.
Прашањето е: ЗОШТО е тоа токму така? Дали некому така му одговара да биде, или навистина нема простор и потреба интернетот да биде сфатен сериозно? Зарем не донесуваме одлуки врз осноава на информации и искуства кои ги следиме на интерент? А?
Јас ќе ти кажам зошто: Тие што треба да ги користат информациите од Интернет се неписмени. А „тие“ се новинарите (чест на исклучоците, нека ми простат).
Ако просечен новинарски дрон троши време на Интернет, тоа е на Фејсбук, на порно и на спортски кладилници. Твитер им е „многу“.
Воглавно слабо стојат со англиски, па и ако украдат нешто, веднаш се познава.
И не го зборам ова на памет. Од моето искуство и директна „вмешаност“ во медиумите, сум се изнагледал мегабајти серверски логови со кои може да се докаже ова.
Втората причина е што — воглавно — се инструирани, им се „сугерира“ што треба да напишат. И тука не треба многу докажување, отвори весник, пушти телевизија …
Јад, беда и простотилак, цеца-меца култура, непрофесионализам, приватни универзитети …
Еве се обидувам да сфатам зошто е тоа така, не знам.
Можеби затоа што се што праиме на интернет не е сериозно, никакво е-општество не функционира (се изнасмеав дека можело да се конкурира за кредит преку интернет, како не бе) и можеби затоа што „битните“ фаци ги нема на интернет.
Не знам претпоставувам, не сум размислува за ова до сеа.
Има вистина во тоа што Ванчо го зборува, ама мислам дека не лежи зајакот само таму. Шо знам!
Верувам дека и двајцата имате право… но @Вачно не се за се криви новинарите. Секако дека и тие имаат улога во целава приказна и нивните уредници и сл. Но ми се чини дека е далеку пошироко, баш како што кажува Владо.
Ама, па ајде да продушкаме наоколу и да видиме колку фирми и индивидуалци не одат на шалтер во банка за да платат ф/ра или режиски сметки. Ајде да видиме колку студенти поднеле апликација за стипендија преку интернет. Ајде да видиме колку пати во текот на денот кога ќе ни затреба некоја информација прво што правиме отвраме google и пребаруваме низ резултатите. Ајде да видиме колкумина купиле авионски карти и резервирале хотелско сместување ова лето преку интернет. Или пак, ајде да видиме колу македонци купувале на интернет…
За многу од работиве нема конретни и точни податоци… но НЕ верувам дека бројките ќе бидат за занемарување и дека ќе испраќаат порака дека интернетот го користиме само за забава. Недостасуваат цврсти факти за кои, ми се чини, дека кога ќе се појават само ќе потврдат дека (како и за многу други работи) касно се освестуваме
@Дарко:
Точно е, во последно време имам „пик“ на новинарите (извини @Владо, не се однесува на тебе :)), но потполно си заслужија да бидат така третирани.
Се сложувам дека причините се пошироки. Еве една која е веројатна — граѓаните немаат *доверба* во институциите со кои треба да комуницираат преку Интернет, а тоа се одразува и на целиот медиум.
– Како да им веруваш на бирократизираните мастиљари во некое криво-лево министерство (а кое не е такво)? Погледнете, на пример, како катастрофално е организирано испраќањето на пресметките за плата.
– Како да им веруваш на банките во Македонија, кога тие се повеќе лихвари отколку банкари? А во прилог на ова зборува и фактот дека полесно плаќаме во странство, на незнаени банки и компании, отколку дома.
– Кому да се жалиш ако нешто не испадне како што треба? Ретко успева и „директна“ жалба (освен ако не потплатиш), а камо ли електронска. Зависиш од тоа некоја мрзоволна секретарка да се оттргне од лакирањето на нокти, жалењето по Тоше (уште!) и флертувањето по Скајп.
– А кога ќе ти побараат да испратиш податоци во Excel 2007 формат, со најневозможно поставени опции и руски енкодинг (зашто така му е подесен компјутерот на дотичниот писар), или да „пополниш“ PDF фајл кој потоа не можеш да го снимиш (како во Централен регистар), па бараш по подрум машина за чукање.,,
– Системот за граѓански даночни пријави во УЈП требаше да биде готов … нема абер од тоа.
Само лавовите ги поставија на време (ама без мадиња биле, хехе)….
What does a cat like to eat on a hot day? A mice cream cone.