99 #ПрегледВоПеток

Одбројуваме ситно до 100-тиот #ПрегледВоПеток 🙂 До тогаш, тука сме со тазе доза новости.

WordPress vs. Apple

Откако во минатиот преглед во петок ја споделивме веста дека Apple ја банираше Fortnite од App Store и со тоа се најде во спор со Epic Games, очекувано беше дека и други компании ќе се дигнат против Apple заради иста или слична причина.

Недела дена подоцна, основачот на WordPress изјави дека Apple стави стоп на сите ажурирања на нивната бесплатна апликација доколку WordPress не стави in-app purchases бидејќи сака 30% од профитот.

Apple потсети дека купувања во самата апликација се задолжителни доколку апликацијата им дозволува на корисниците пристап до содржина, претплати или алатки добиени преку други платформи или веб страната. Но WordPress апликацијата не продава ништо. Она што си го купил преку WordPress.com не може да се користи во апликацијата.

Два дена подоцна, Apple објави извинување и изјави дека нема да има потреба WordPress да внесе опција за купување во самата апликација.

We believe the issue with the WordPress app has been resolved. Since the developer removed the display of their service payment options from the app, it is now a free stand-alone app and does not have to offer in-app purchases. We have informed the developer and apologize for any confusion that we have caused.

Целосната изјава на Apple

Дали ќе излезе уште некоја новост на темава? Останува да видиме.

TikTok ќе ја тужи американската влада за банот од Trump

Мислам дека не е преглед во петок ако не ги спомнеме TikTok и Trump.

TikTok во понеделникот на својот компаниски блог изјави дека ќе ја тужи американсата влада поради банот на Trump. Компанијата тврди дека администрацијата на Trump ги игнорирала многубројните напори на TikTok за соочување со грижите. Наместо цивилен разговор, Trump ја прогласи апликацијата за национална закана поради поврзаноста со кинеската влада.

We strongly disagree with the Administration’s position that TikTok is a national security threat and we have articulated these objections previously.

Извадок од блог постот

Во тужбата е посочено дека американската влада била запознаена со работата на TikTok. CFIUS (the Committee on Foreign Investment in the United States) направиле проверка на апликацијата кога ByteDance го купи Musical.ly во 2017, преименувајќи го во TikTok. Како дел од таа проверка, владата ги истражила практиките за безбедност на TikTok. Владата дошла до заклучок дека зделката може да продолжи.

TikTok може и нема да има потреба да го победи спорот за да продолжи со работа во САД. Ако Trump изгуби на изборите во ноември, новата администрација можеби ќе има различна тактика за справување со целава ситуација. Тоа може да значи и повлекување на банот.

И Facebook почна да го копира TikTok

Неделава Facebook лансираше нов тест што вклучува фид со кратки видеа на својата апликација, есклузивно на индијскиот пазар каде TikTok е моментално баниран.

Но Facebook не е единствениот што сака да го замени TikTok во Индија. YouTube им дава на индијските корисници пристап до нивната ‘Shorts’ опција.

Дали TikTok ќе успее да ја добие назад својата индијска публика?

Нема веќе “finger lickin'” за KFC

Да не ме сфатиш погрешно дека нема веќе KFC. Има KFC, само го нема слоганот. Тие сметаат дека овој слоган е несоодветен во време на глобална пандемија, кога хигиената е на прво место.

Кампањата започна во понеделникот со видео во кое се прикажани различни кадри од KFC со делот “finger lickin'” од слоганот пикселиран. Завршува со: “That thing we always say? Ignore it. For now.” Како дел од кампањата, на KFC кофите ќе има дисклејмер што гласи “Lick fingers at own risk”.

Овој слоган KFC го користи повеќе од 64 години и еден од најпознатите во светот. Но оваа година, како и сите останати брендови, KFC зазема став дека можеби нивниот слоган и не е баш соодветен во време на глобална пандемија.

Бонус линкови

View this post on Instagram

“Business as Usual” – new cartoon and post https://marketoonist.com/2020/08/business-as-usual.html #marketing #cartoon #marketoon A Gartner study recently reported that more than half (57%) of CMOs expect to see a return to business as usual in the next 18-24 months. It made me think about what “business as usual” even means right now. Some aspects of how we work have changed so fundamentally, it’s hard to imagine that some of these changes aren’t permanent. I read somewhere that COVID is not so much forcing a change in business as it is accelerating a future that was already underway. For a few years, I’ve been hearing the managerial acronym VUCA (Volatility, Uncertainty, Complexity, and Ambiguity) to describe the turbulent business environment we work in. What struck me recently was to learn that the VUCA concept actually originated more than 30 years ago. The U.S. Army War College first coined the term in 1987 to describe the volatile, uncertain, complex, and ambiguous environment at the end of the Cold War. The VUCA concept has been applied many times since then. A few years ago, HBS senior fellow Bill George argued that today’s VUCA business environment calls for “a VUCA manager.” He re-imagined the acronym to describe characteristics of business leadership we need right now: Vision, Understanding, Courage, and Adaptability. The idea of returning to business as usual is a comforting thought. But when has business as usual ever been usual? Instead of going back to work, we’re always going forward to work.

A post shared by Tom Fishburne (@marketoonist) on

Marketoonist on Instagram

Се читаме во следниот, стотти, преглед во петок 😉