Will Internet Kill the Radio Star?

Радиото беше првиот медиум кој ме маѓепса. Моите први, директни контакти со некој медиум беа токму во радио. Има некоја магија околу овој медиум. После подолго време повторно ова фино чувство ме облеа пред некој месец кога заедно си Мите бевме гости во една ноќна програма во првата програма на Македонското радио. (повод беше блог конференцијата)

Муабетов ми е: ако по некоја логика овде во МК се следат светските трендови (што за медиуми не знам колку е така) тогаш би требало сите љубители на радиото да се загрижат. Некои аналитичари и истражувачи повторно пласираат смртни закани за медимиве, овојпат радиото е на мета.

“Internet radio, satellite radio, podcasting, high-definition radio and mobile audio services are revolutionizing a radio industry that had remained virtually unchanged for a century,” said Ben Macklin, eMarketer senior analyst and author of the new report, Radio Trends: On Air and Online. “Traditional radio is rapidly being subsumed into a new, broader sector called ‘audio.'” …Е-Marketer

Има таму и табели, и графикони и разно разни бројки и предвидувања, се разбира за Америка, не за нас, ама веќе ми се здосади од вакви анализи. Вистина и кај веснициве се намалуваат приходите од реклами на сметка на интернет рекламите ама пак истите компании, да не речам газди владеат и таму, така да пак тие ги земаат парите. Прашање е само на време колку брзо тие богати и моќни чичковци ќе решат да навлезат во нови води. Е сеа нормално малку ќе се потепаат меѓу себе, кој подобра позиција да зафати, ама ништо ново.

Патем, едно прашање: Што мислиш, за колку време во Македонија ќе се случи некоја поголема медиумска куќа или слично да купи некој сајт или онлајн бизнис/сервис?

Technorati Tags: , , , , , , .

1 Comment Will Internet Kill the Radio Star?

  1. Kim 01/09/2007 at 07:02

    Please remove my image from your website that is on this post. You are hotlinked to this image on my website and you are eating up the bandwidth on my server. Unless you want to pay me for using my bandwidth, my image needs to be removed from your server immediately. Please respect my request and process it immediately. Thanks.

Comments are closed.