Колку убаво звучи, понеделник, па и 1-ви септември, одма асоцира на почеток, на нешто ново, убаво, непознато. Класика нели на сите умот ни проектира совршена слика на дотерано избањато начешлано дете кое со новиот ранец на грб трча накај школо за да се види со новата учителка, или учителки (читај другарчињата).
Се е фино со таа слика, ама мојава е малку поразлична, иако во суштина слична. Неизбричен, ненаспан, уморен но желен и спремен за свеж почеток. Неколку работи ми го одбележуваат овој месец, овој нов почеток. Еве со ред:
I
Ноќеска се вратив од одмор. Десет дена без компјутер, без интернет, скоро и без мобилен (само еден не-приватен муабет и две смс пораки), одморот ми помина во знакот на Serdar Ortac – Seytan, Shantel – Disco Partizani и Fatih Ürek – Sus 2008. Убаво ми дојде. Турција и не е толку лоша за одмор ама многу Руси има.
Назад дома, сандаче со шеесетина меилови (што не ми се виде како многу) полн rss ридер, скоро 3.000 наслови. Ги бришам скоро сите, почнувам од почеток. Акo некој мисли дека поминало нешто што не сум смеел да го пропуштам, нека прати меил со линк :).
Значи сите предуслови за почеток се исполнети. Бев на одмор и се одморив.
II
Сеад веќе пишал. Прво следно што доаѓа е конференцијата на ФЕЈС: “Информатичкото општество и неговото влијание врз медиумите за млади”. Ќе се одржи на 12 и 13 во Stone Bridge а таму Сеад и Мите ќе имат заеднички настап на тема социјални мрежи а јас ќе презентирам студија на сличај, т.е. ќе зборувам малку за искуствата со актулниот проект Young Media Watchdogs. Ја видов програмата на оваа конференција и очекувам интересни презентации од интересни луѓе кои со задоволство би сакал да ги запознаам. Немам технички детали, нити сме се договарале нешто со Сеад и Мите, ама веројатно ќе пишуваме нешто од таму додека трае конференцијава. Може и ќе снимиме нешто. Здравје.
III
Во име на Центарот за Нови Медиуми со Сеад, Мите и Гордана подготвуваме презентазија која кон крајот на месецов ќе биде претставена на претстојниот настан наречен Машина за преименување. Официјалниот блог на настанов засега нема соодветни информации, но колку што знам, се подготвува за таму нешто интересно. Нашата презентација ги спојува следниве неколку тагови: македонија, грција, блогови, семантички облак. Повеќе детали, штом ќе имаме 🙂
IV
Овој септември конечно ќе почнам да ги дозавршувам постдипломските студии по Комуникации. Последните два испити веќе ги спремам (Медиуми и политика и методологија) па во блиска иднина може да улетаат повеќе постови на тема медиуми и политика а наскоро т.е. за некој месец ако се оди по план ќе биде и магистерската која ми е планирана да биде за нашата ни мила Македонска Блог Заедница, продолжување, т.е. подетален приказ на темата која ја презентирав на Глокал 2.0
V
Ноќеска кога си дојдов дома, скоро пред врата ме дочекаа две нови книги на тема интернет или онлајн новинарство. Тие заедно со уште неколку постари кои ги имам купено и се разбира со десетиците кои ги имам во дигитална верзија оваа есен т.е овој септември ќе имаат една убава мисија. Да ми послужат во креирањето на прогрaмата за изборниот предмет Online Journalism на Универзитетот Њујорк во Скопје. Оваа есен стартувам како предавач таму. За почеток на додипломските студии, а здравје наскоро и на новоотворените постдипломски.
VI
Додека бев на одмор единствениот службен телефонски разговор ми најваи дека правта книга на која јас се појавуам како ко-автор може да го види светлото на денот после повеќе од две години откако е напишан текстот. Книгата е, се разбира за блогови. Ама заради тоа што беше подготвувана одамна ќе треба да се адаптира текстот. искрено се плашам дека сега после толку време и токлку големи промени ќе успеам да направам адекватна адаптација, ама што е тука е. Времето е кратко, предизвикот е пред нас. Во блиска иднина може да се очекува и првата книга за блогови на македонски јазик. Нешто што навистина ќе беше многу добро да се појавеше кога навистина беше планирано. Но и ова е подобро одколку воопшто да не се појави ништо.
Толку, како за почеток на овој 1-ви септември. Те молам не заборавај да ги изгледаш видео клиповите од точка I.
Браво Дарко, ептен ти се радувам. Само напред и со успех. 🙂
Welcome back, Дарко! Ако вака стално ти се случуваат убави работи додека си на одмор – можеби треба почесто да одиш 🙂
За жал јас повеќе се препознав во тоа исчешланото и дотерано дете од првиот параграф на твојот пост: по скоро 2 месеци "распуст", на 1 септември (понеделнички нели) си тргнав на работа, дотерана и возбудена како некое прваче!
Нејсе… гласам за DISKO PARTIZANI! Shantel рулз!!! 🙂
Фала, Фала
само една од работиве се случи додека бев на одмор 😉 другите се од порано, ама сеедно. Септември изгледа напорно но носи задоволство 🙂
Shantel ми е многу Брега, не знам, некако поише ми се у глава овие турциве 🙂
I’m extremely impressed with your writing skills and also with the layout on your weblog. Is this a paid theme or did you modify it yourself? Anyway keep up the excellent quality writing, it’s rare to see a nice blog like this one nowadays..