146 #ПрегледВоПеток – We are back!

Добрo утро. Ни недостасувавте. Искрено. Одмаравме ние, одмараше и #ПрегледВоПеток, ама како да имаше празнина некоја… 😀

Започнуваме нова сезона, имаме нов дизајн за прегледот и имаме линкови кои ни се насобраа од цел месец август. Бевме прибрани, не споделувавме многу, ама па на сите им беа одмори, немаше ни што толку многу важно да пропуштиме.

Денес, овој преглед решив да биде малку поразличен. Ќе најавам прво два-три настани и после ќе наредам линкови… може и ќе пишам по некоја реченица, може не… сфати до сега така… го планирам и размислувам овој преглед директно во моментот кога го пишувам.

SoMo Borac – најважната награда за дигиталците од регионот

Ако си во светот на дигиталниот маркетинг и ако делуваш во некоја од земјите во регионов веројатно е многу мала шансата да не си слушнал, учествувал или видел некоја наградена кампања која била дел од SoMo Borac. И оваа година само во дигитално издание, причините не ги коментираме… ги знаеме.

Нјаважен сега е датумот, рокот за пријави е 20 септември. Што сака да каже дека има доволно време за да спремите пријава и да ја испратите. Конкурост има и освежени категории што е супер затоа што работите редовно се менуваат во нашиов свет.

Сите детали се тука: somoborac.com вклучувајќи ја и онаа која вели дека авторот на овој преглед е дел од жирито, повторно.

Kaktus 2021 – фестивал на интегрирани комуникации

Седми пат по ред, во Белград оваа година на почетокот на ноември (2-3) ќе се одржи фестивалот кој во себе има повеќе содржини меѓу кои се издвојуваат самата конференција и доделувањето на награди за најдобри кампањи и активности во изминатата година. Овде наградите се само за Србија, ама има и меѓународно жири. Вреди да се следи и со оглед на екстремно скратената понуда на настани годиниве, вреди да се планира и да се посети. Дефинитивно.

Четвртата годишна конференција за е-трговија

Вчера стигна и официјалната најава за четвртата по ред конференција за е-трговија во организација на АЕТМ. Датумот е 12 ноември а најавата вели дека и оваа година настанот ќе биде хибриден.

;(

Не ме прашувајте… ќе се расплачам… и ние ја најавивме AllWeb во комплетно нов формат… храбар исклучително различен… и не зафатија бранови… и како што сега стојат работите.. по се изгледа ќе не преклопат… Allweb не е и нема да биде, уште еден zoom настан, затоа ние ќе си плачеме и како што стојат работите ќе си чекаме поодбри времиња.

Ете се растажив… одиме со линковите кои ги собравме изминатиов период… реков дека нема да пишувам многу…

Многу линкови… не се бонус!

И не заборавајте:

Се читаме следниот петок!

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.