Архиви на вести

Во една кибер варијанта на сентенцата на Џорџ Сантајана (Gеorge Santayana) за повторувањето на историјата, би можело да се каже дека „оној народ кој нема архива на вести е принуден одново да чита исти вести“. За среќа кај нас архивирањето на вестите стана еден вид стандард кој претпоставувам во скоро време ќе биде општоприсутен. Оние кои јас како корисник би ги издвоил се следните:

А1 телевизија

Вест (ептен е ала-матрикс)

Архивата на „Време“ е баш „cute“, но што е најважно лесно се доаѓа до саканиот датум.

-Архивата на „Утрински“ ми е малку чудновита по организираноста, но е секако содржајна 🙂

Онлајн архивата на „Дневник“ за жал е скратена, сигурен сум дека порано имаше повеќе изданија во неа, но нејсе.

-„Вечер“ е прилично „уникатен“ па имаат две јасно издиференцирани архиви: (а) пост-латаска (AL), (б) прет-латаска (BL).

-„Шпиц“ е солиден во овој поглед .

„Lajm“ повеќето од изданијата се само скенови на насловни.

-„Форум“ има добра архива, но внимавајте, голем број од постарите броеви се само насловни страни.

-За жал „Фокус“ се презафатени со штанцање на истражувачки стории за БЦ (алиас Бане), за да можат направат нешто друго во меѓувреме 🙂 или се веројатно во трка по Гинис за објавување на иста фаца на насловна…

-И на крај, „Капитал“ се со финта па мора да се претплатите за постарите броеви.

Со фино сурфање може човек да си приреди уба’и моменти на забава и смев, како во оваа „контрастивна анализа“ што ротира околу, еве чисто за егземпларно, Павле Трајанов, за показ како времето е релативно, а богами и менталното здравје:

Које овде луд 1?

Кој е овде луд 2?

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment Архиви на вести

  1. Perlengkapan bayi 21/11/2012 at 07:06

    Wow, incredible blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your site is wonderful, let alone the content!. Thanks For Your article about Архиви на вести | К О М У Н И К А Ц И И .

Comments are closed.