Поминаа неколку месеци од денот кога нашиот драг пријател д-р Димитар спектакуларно ја одбрани својата докторска теза на економскиот факултет во Скопје. Димитар долго време работеше на исклучително тешка проблематика во делот на социјалните медиуми и компаниите, се разбира во Македонија. Велам тешка затоа што не беше проблем теоретскиот дел туку, како и секогаш, му беше тешко да стапи во контакт со комапниите и да ги утврди нивните пракси и стратегии во работа.
Насловот на неговиот докторат беше: Е-бизнис модели на веб-базирано социјално вмрежување на претпријатијата во Република Македонија.
Предмет на истражување: анализа на е-бизнис моделите коишто го вклучуваат влијанието на различните фактори за успешно веб-базирано социјално вмрежување од страна на организациите. Ова подразбира анализа на групата независни фактори во рамките на е-бизнис моделите кои директно или индиректно влијаат врз успешноста на претпријатијата.
Целта на ова истражување беше да се докаже која е групата на клучни организациски фактори кои позитивно влијаат врз успешното користење на моделите на веб-базираното социјално вмрежување, односно врз перформансите на компанијата.
Можеби делува прекомплицирано сево ова, но верувајте Социјалните медиуми (популарно така си ги викаме, нели) се сериозен фактор за промена на компаниите, па токму затоа мора да се вклопат во работата на една организација соодветно. Во продолжение погледни ги двете видеа од одбраната на Димитар. Во нив тој го појаснува пристапот во истражувањето, очекувањата и заклучоците.