Не ми текна наслов

Не знам дали е заради заладувањево, или заради дождот? А можеби и затоа што почна нова сезона на Чуму? Што знам можеби 1-ви т.е. 3-ти септември има врска? А можеби ништо од ова нема врска, ама мени ми беше фино утринава кога го отворив читачот за сосема едноставно објавување (RSS reader) и кога во папката МБЗ имаше што да се чита.

Баш пред некој ден праев муабет со еден блогер со кој констатиравме дека добар дел од активните блогери, некако спласнале, и оп еве демант.

Без разлика на причината, па макар и немало посебна причина, баш е супер кога ќе има што са се прочита. Се надевам дека блогерскава сезона, зборено низ призмата на традиционалниве медиуми, ќе биде плодна.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.